СРЕЌА ПОД ПРСТИТЕ СО ИНСТАНТ ЛОЗОТ КАЛИНКА – Во чест на 15 години инстант лотарија на Државна лотарија

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Секој љубител на инстант лозови има причина за радост – Државна лотарија го пласираше новиот инстант лоз КАЛИНКА со возбудливи можности за парични добивки до 700 000 денари.

Во чест на 15-годишнината од приредувањето игри на среќа и инстант лотарија, датум што се одбележува овој април, Државна лотарија потсетува на инстант лозот КАЛИНКА, пласиран во 2010 година, што беше прв паричен лоз во историјата на Државна лотарија. Оттогаш досега пласирани се над 50 нови серии инстант лозови со различни игри, премии, имиња, концепти… А најважно од сѐ со богатство од среќни приказни на бројни добитници на премии и на поголеми добивки ширум нашата земја.

На таа плодна почва од среќни насмевки и споделени радости Државна лотарија ја засадува новата калинка, како дрвце на среќата коешто ќе радува со своите плодови. Во оваа 15-та година од приредувањето игри на среќа Државна лотарија го истакнува значењето на плодот калинка земен како симбол во новото корпоративно лого и го вклучува во игра во којашто трите калинки ќе донесат и среќа и благодет и радост.

Богатата симболика на калинката нека се потврди низ новите среќни приказни коишто со нетрпение очекуваме да ги запишеме.  Откривањето на добивките е лесно и забавно – треба да се пронајдат три исти симболи во полето за гребење каде што трите калинки носат 7 главни премии по 700 000 денари, и три исти износи за други парични добивки.

Оваа 15-годишнина од игрите на среќа на Државна лотарија ќе ја славиме со среќни приказни од инстант лозот Калинка и оние коишто следат а допрва ќе ви ги откриваме за да го потврдиме и корпоративниот слоган СРЕЌАТА Е НАСЕКАДЕ.

 

Државна лотарија

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

ОУ „Св. Кирил и Методиј“ со нов успех – ученикот Петров ќе учествува на Јуниорска македонска математичка олимпијада

Училиштето „Св. Кирил и Методиј“ од Кочани е училиште  на вистински и големи математичари ! ГОРДО  училиште ! Голема гордост и престиж е ученик да учествува на ЈММО (Јуниорска македонска математичка олимпијада) СТЕФАН ПЕТРОВ,  ученик во 8 одд. во ОУ„Св. Кирил и Методиј„   – Кочани, ( под менторство на наставничката Елизабета Ѓорѓиева) е единствениот ученик

Вози сигурно, избери „D Мото“ – Кочани !

Д Мото – Кочани, вистинското место за секој моторџија! Голем избор на делови за мотоцикли, квалитетни акумулатори, издржливи пневматици, модерни кациги и врвна мото козметика – сè на едно место. Сигурност, квалитет и перформанси за вашето возење – секој ден. Локација: под големиот паркинг кај ГТЦ Кочани. Контакт: 071 208 849. Д Мото – за

Четири наставнички од училишниот младински клуб „Драгана Минова“ од ОУ „Раде Кратовче“ успешно го завршија учеството во Еразмус + проекти

Четири наставнички од училишниот младински клуб „Драгана Минова“ од ОУ „Раде Кратовче“ успешно го завршија учеството во два Еразмус + проекти што се одржаа во Смолјан, Бугарија. Во рамки на проектите, тие учествуваа во обуки и работилници посветени на ментално здравје при што стекна нови знаење и искуства. За својот ангажман добија сертификати, а од