Средствата собрани од новогодишниот базар – ОУ „Никола Карев“ ги искористи за поставување клима уреди

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Во ООУ „Никола Карев“ – Кочани поставени се нови клима уреди, набавени со средства обезбедени од новогодишниот базар што го организираше училиштето.

Остануваат уште неколку училници во кои наскоро ќе бидат поставени клима уреди, по што целото училиште ќе биде целосно опремено. Овој значаен чекор овозможува подобри услови за работа и учење за сите ученици, потенцираше директорот Александар Андов.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

ЈАВЕН ПОВИК за учество на јавно наддавање за распределба на термини за користење на салата во ООУ „Никола Карев“ – Кочани

Врз основа на точките I, II, IV и VI од Одлуката за начинот на користење и управување на салите во општинските основни и средни училишта: ОУ „Св.Кирил и Методиј“ -Кочани, ОУ „Никола Карев“- Кочани, ОУ „Крсте П.Мисирков“-Оризари, ОУ „Малина Попиванова“ – Кочани донесена од Советот на Општина Кочани под број 09-819/1 од 06.04.2023 година („Службен

ТОП БАЗАР вработува доставувачи…

За потребите на компанијата, ТОП БАЗАР вработува доставувачи (дистрибутери) на производи. При ангажирањето за наведена работна позиција предност имаат оние што поседуваат возачка дозвола од „Ц“ категорија. Сите потребни информации можат да се добијат на телефон: 075 213 061 или во седиштето на фирмата што се наоѓа во Зоната на лесна индустрија во Кочани.  

Во пресрет на Св. Трифун во Кучичино се одржаа спртските игри 2026

Во пресрет на празникот Св. Трифун, во селото Кучичино се одржаа низа спортски активности кои поминаа во одлична атмосфера, исполнета со спортски дух и дружење. Настанот привлече голем број учесници и посетители, кои заеднички придонесоа денот да биде вистински празник за селото. Во рамки на програмата беа организирани детска, женска и машка трка, турнир во