Раководството на ЈП „Солидарност“ од Виница денеска одржаа координативен состанок со продавачите на земјоделски и други производи, како идни корисници на тезгите и другиот продажен простор во новиот градски затворен пазар.
На состанокот беа изложени начинот на работа, условите за користење и правилата на однесување во објектот, кој официјално ќе започне со работа на 03.06.2026 година.
Игор Спасовски, директорот на ЈП „Солидарност“, кое ќе стопанисува со новиот пазар, на состанокот детално ги информираше присутните и заинтересираните корисници за клучните правила кои ќе придонесат за успешно и организирано функционирање.
-Најважно е да се почитува пазарниот ред, да се одржува хигиената и да има меѓусебното почитување помеѓу сите корисници, истакна Спасовски.
Новиот затворен градски пазар во Виница, според општинското раководство, претставува значаен чекор кон создавање современи и подобри услови за работа на продавачите, како и поквалитетна услуга за граѓаните.
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.









