Министерство за внатрешни работи информира дека ОВР Кочани поднела известување против 16-годишник од селото Тркање поради сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.
Според информациите, на 13 март 2026 година во селото Оризари, по претходна расправија, малолетникот со пиштол му се заканувал на М.Д.(18) од Оризари.
Од полицијата соопштија дека против малолетникот е поднесено соодветно известување по документирање на случајот.
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.









