СОУ „Љупчо Сантов“ го финализираше проектот „Млади еко инспектори“

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

СОУ „Љупчо Сантов“ го финализираше проектот „Млади еко инспектори“ во рамките на Еразмус  + програмта, финансиски  поддржан од фондовите на Европската Унија. .

Покрај средното училиште од македонска страна беше вклучено  и КЈП „Водовод“,  како и партнери  од градовите Пазарџик од Бугарија и  Лариса од Грција. Кординатор на проектот беше Регионалната агенција за енергетика од Пазарџик.

Во рамки на проектот беа изработени четири интелектуални резултати. Тие се однесуваа на веќе изготвениот прирачник за тоа како да се спречи загадувањето на водата и воздухот, интернет платформа на која се собираат и анализираат податоците од мерењата, стратешки документ со препораки за подобрување на справувањето со предизвиците од загадувањето, како и воспоставување на транснснационално партнерство помеѓу различни организации со цел подобрување на едукативниот процес во општините Кочани, Пазарџик и Лариса.

Проектната идеја беше да се мотивираат помладите за активно учество во опшествените процеси и да се промовира Европската димензија на локално ниво за зајакнување на младинското лидерство.

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

ЛАГ „Брегалница“ со панел-дискусија и концерт во чест на жртвите од трагедијата во „Пулс“

  Здружението за рурален развој Локална Акциона Група „Брегалница“, се приклучува кон летната програма за млади „Лето во друштво“, во организација на Центарот за психосоцијална и кризна акција „Малинска“, со поддршка од Општина Кочани, Локалниот младински совет и „Сапорт Кочани“. Како дел од активностите, ЛАГ „Брегалница“ – Зрновци, со поддршка на Програмата за инвестирање во

Започнува 46. издание на младинскиот фудбалски турнир во Подлог – Пријавени 8 екипи

  В недела, фудбалскиот терен во  Г. Подлог  повторно ќе биде центар на младинскиот спортски дух, каде ќе се одржи традиционалниот турнир во мал фудбал, кој годинава одбележува 46 години постоење. Турнирот е една од најдолговечните спортски настани во регионот, а годинава учество ќе земат осум екипи составени од млади и надежни фудбалери. Натпреварите ќе

ОВР Виница – Пронајден шеесет и седумгодишен сточар во безживотна состојба

На 14.08.2025 во 22:00 часот во ОВР Виница, Р.Г. од Виница пријавил дека од место викано „Скараница“, виничко, се оддалечил В.Д. (67) од с.Лески, виничко, кој работел како сточар. Околу 23:45 полициски службеници, граѓани и доброволци од ДПД Виница во нива покрај пат го пронашле починат В.Д. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без