СОУ „Ѓорче Петров“ доби донација од Комфи Ангел

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk
Комфи Ангел во интерес на подобрување на квалитетот на наставно образовниот процес и изведување на практичната настава денеска на СОУ „Ѓорче Петров“ Прилеп донираше опрема и материјали, за што од училиштето информираа на социјалните мрежи изразувајќи благодарност.
 

Денес, Друштвото за производство на текстил, текстилни производи, трговија и услуги Комфи Ангел, како знак на добра соработка со нашето училиште, донираше:  две употребувани машини во одлична состојба, компјутер, текстилни материјали и машински конци за шиење за потребите на учениците од текстилно-кожарската струка.
Исто така, за опремување на кабинетот по нега на болен каде што се изведува практична настава за профилот медицинска сестра донирани беа: перници, навлаки за перници, јоргани, навлаки за јоргани и долни чаршави.
Благодарност до раковдството на компанијата и до директорката Ирена Јакимоска.
Со тоа продолжува соработката на Комфи Ангел  со образовните институции Македонскиот бренд за производство на  постелнина е препознатлива по својата општествена одговорност вложувајќи несебично со донации за подобрување на квалитетот на живот и учење.
Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилепскиот “wonderkid” со прв професионален договор во Брера

Уште еден доказ дека вистинската приказна се гради од темел. Нашиот Габриел Талески стави потпис на професионален договор со ФК Брера Струмица. Од школата до првиот тим – патот не е лесен, но кога клубот стои зад своите млади, соништата стануваат реалност. Во Брера не зборуваме само за иднината –...

ОК ВМРО ДПМНЕ Прилеп: Имаме јасен план за стабилизација на ФК Победа!

Состојбата со ФК Победа беше тема на денешната прес конференција на ОК на ВМРО ДПМНЕ Прилеп, на која говореше Златко Рикалоски, инаку советник во Советот на Општина Прилеп. Ја пренесуваме во целост:

Нападнати полицајци кои спречувале нарушување на јавниот ред и мир

Прилрпчанец ги нападнал и полициските службеници кога тие се обиделе да го спречат во нарушувањето на јавниот ред и мир. Имено, на 25.12.2025 во 11:30 часот на ул.„Прилепски бранители“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода И.М.(43) затоа што го нарушил јавниот ред и мир. При...