Како дел од програмата на овогодишното издание на Фестивалот на хуморот и сатирата ,,Ин Виница веритас”, вчера во ООУ ,,Гоце Делчев” во Виница се одржа Сатирична рааботилница за деца”, проект подржан од Министерството за култура и туризам.
Сатиричарот Миле Ѓорѓијоски, автор на првите книги и сликовници со афоризми и епиграми за деца, во текот на работилницата ги едуцираше учениците како збор по збор, со помош на асоцијации, да напишат афоризми и епиграми. Покрај тоа Ѓорѓијоски зборуваше и за начинот на илустрирање на детските афоризми и епиграми.
На овие работилница децата се запознаа и со глаголицата.
Вредно е да се напомене дека во мкнигата ,, Палави епиграмчиња” , освен со Македонско кирилично писмо, епиграмчињата се пишувани и со глаголица.
Од најдобрите илустрации што ќе ги направат учениците, според информацијата што ја добивме од Миле Ѓоргијоски, ќе се издаде и една сликовница, а ќе се направат и неколку изложби. За кратко време ќе излезе и новата сликовница со афоризми од Миле Ѓорѓијоски, со илустрации на Софија Ситновска.
Својата програма, изданието на „Ин Виница веритас“ за 2025 година, ја заврши синоќа со стенд ап комедијата на Надица Петрова, актерка во Тетатарот „Златен Елец“.
„Ин Виница веритас“ започна на 24 октомври, во програмата реализирана во организација на ДК „Тошо Арсов“, доминираа театарските претстави.
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.









