Со Господ напред и се плоди нашето племе

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Токму денес, на големиот празник „Св. Никола“, патрон на градот Прилеп,  во прилепско Небрегово е роден великанот Блаже Конески.
Академик Конески е истакнат македонски книжевен, културен и јавен работник, поет, прозаист, есеист, книжевен истроичар, филолог и јазичар, преведувач и професор на Филозофскиот факултет во Скопје и е еден од кодификаторите на македонскиот литературен јазик. Во продолжение, со вас почитувани читатели на нашиот портал и слушатели на мултимедијалниот медиум Радио Пела, ја споделуваме песната „Свети Никола“ од Блаже Конески. Честит празник!
СВЕТИ НИКОЛА
Блаже Конески
Свети Никола златен
пак сè си принесе што треба.
Го пречекавме и со посна сарма,
и со грав и со риби на кромид.
Не е како некогаш
кога спроти празникот ќе изнадојдеа
сега покојните
и ќе седнеа околу трпезата.
Се почнуваше со леблебии,
расол и сторени пиперки,
мезе за домашната ракија.
По вечерата идат комињакот
и скажувањата.
Потоа гостите легнуваа
кој каде се нашол.
Ордан, тетин ти, Бог да го прости,
нели беше пцалт,
ќе запееше во сонот:
„Господи, помилуј!“
И потоа тивнуваше ноќта.
Тоа што минало – минало.
Ама сепак, сполај му,
еве нè живи со Господ напред
и се плоди нашето племе.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Изложба за 55 годишното ликовно творештво на Боро Арсовски – Бабата

На 14 ноември 2025г/петок/од 19.00 ч. во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена ретроспективна изложба на слики “ 55 години ликовно творештво на Боро Арсовски – Бабата“. Инаку, Боро Арсовски – Бабата е роден 1952 година во с. Страцин, Република Македонија. Основно и средно образование завршил во...

Формирани Комисии за работа на Советот на Општина Прилеп

На 02-та седница на Советот на Општина Прилеп во новиот состав,  советниците со мнозинство на гласови како прва точка на дневниот ред советниците го усвоија предлог-решението за верификација на мандат на Катерина Пузеска за член на Советот на Општина Прилеп.На дневен ред потоа беа усвоени прделозите за формирање на комисии кои...

Повоторно лага за сообраќајка на близок – измамена 88 годишна старица од прилепчанец и крушевчанец

Полицијата уаспи прилепчанец и крушевчанец за телефонска измама со добро позната лага дека близок член на семејство направил сообраќајка и се потребни пари да се извлече од ситуацијата. Овој пат жртва на измамниците биле 88 годишна жена од Битола, а повикот се случил кон крајот на август. -Пријавените довеле во...