Следува екстремен топлотен бран, бидете внимателни

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Под влијание на топол бран до сабота (26.07) времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Утре ќе дува умерен, во западните делови повремено засилен југозападен ветер.

Дневната температура насекаде ќе биде над просекот за месец јули. Во Пелагонија максималните температури ќе се движат од 38 до 40°C, додека најтопло ќе биде во Скопски, Вардарски и југоисточен регион каде живата во термометарот ќе се движи од 38 до 42°C.

Министерството за здравство веќе издаде препораки за заштита од високите температури, особено за периодот од 20 до 24 јули, кога се очекуваат најекстремните температурни вредности.

Најпогодени ќе бидат градовите во внатрешноста и Пелагонија, каде според прогнозите, температурата може да надмине 41 степен Целзиусов.

Граѓаните се повикуваат да останат во затворени и ладни простории, особено во периодот меѓу 11:00 и 17:00 часот. Се препорачува консумација на многу течности, избегнување на алкохол и засладени пијалоци, носење светла и лесна облека, како и избегнување на физички напор во најжешкиот дел од денот.

При појава на симптоми како вртоглавица, главоболка, забрзано чукање на срцето или општа слабост, треба веднаш да се побара лекарска помош.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ВИДЕО)Голем интерес за упис во средно стручно образование во Прилеп

Заврши првиот уписен рок за ученици во прва година средно образование за учебната 2026/2027 година. Полуматурантите се пријавуваа електронски преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk, а денеска и утре, потребната документација се доставува во училиштата каде учениците конкурирале.  Прелиминарно, најголем интерес има за медицинските струки. Радио Пела посети дел од средните стручни училишта...

Ристески: Младите се во фокусот на Оперативниот план за вработување 2026 та

Оперативниот план за вработување за 2026 година обезбедува речиси 40 милиони евра. Околу 6.000 млади ќе бидат опфатени со активни мерки, а повеќе од 10.000 граѓани ќе добијат поддршка. Младите и годинава се во фокусот со поддршка до 10 илјади евра за отворање на сопствени бизниси, можности за здружување и...

Шалтерски работник во прилепската болница од туѓа дебитна картичка украл над 90.000 денари

Шалтерски работник во ЈЗУ Општа болница Прилеп фотографирал дебитна картичка од друго лице и од неа за време од 4 месеци украл над 90 000 денари: