Сестринската љубов кон Тоше – денеска ќе славеше 44 години

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Сестрата на Тоше Проески – Дора, на социјалната мрежа ФБ сподели фотографија од фотографија од Тоше со црно срце и бела торта со ангелски крилја за нејзиниот брат кој денеска ќе го славеше 44 тиот роденден. Болката за нејзиниот непребол ја споделија илјадници пријатели и фанови на Тоше.

Овој 25 јануари е врежан во срцата на илјадници следбеници на делото на Тоше Проески во музиката, но и како голем хуманитарец, поддржувач на најмладите, на децата. Во 2004 година Тоше беше прогласен за Амбасадор на добрата волја на УНИЦЕФ.

Македонскиот Тоше музичката кариера ја започна со настапот на фестивалот Мелфест во Прилеп во 1997, каде што и победи изведувајќи ја песната Yesterday од Битлси. Истата година тој ги промовираше песните Пушти ме (1997) и Остани до крај(1998). По изведбата на песната Твоите бакнежи на моите бели кошули на Скопскиот фестивал во 1999 година започна подемот на неговата музичка кариера.  Имаше блиска соработка со Џеф Бек, Григор Копров, Жељко Јоксимовиќ, Леонтина Вукомановиќ, Марина Туцаковиќ, Бора Ѓорѓевиќ, Миро Буљан, Антонија Шола, Тони Цетински, Phoebus, Ања Рупел и голем број на други влијателни балкански и светски музичари и композитори.

Тоше Проески важеше за еден од најпопуларните и најталентираните пејачи на нашите простори, а животот го загуби на 26 години во страшна несреќа во Хрватска на автопатот Брегана – Липовац на 16 октомври 2007 година.

Загина на 16 октомври 2007 во сообраќајна несреќа во Хрватска. Посмртное прогласен за заслужен граѓанин на Македонија. Денот на неговиот погреб, 17 октомври, беше прогласен за Ден на национална жалост.

 

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Проданоски: Прилеп станува големо градилиште за да се разубави

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, во гостување во емисијата „Програма на градови“ на Македонска телевизија истакна дека општината прави огромни напори за „ослободувањето на стопанството во градење“. Во моментов во Општина Прилеп се извршуваат градежни активности на повеќе локации во градот. Со реализацијата на овие два проекти, предвидено е североисточниот дел од...

(ВИДЕО)Талеска: Во Македонија потребен е етички кодекс за научно-истражувачките процеси

Друштвото за наука и уметност Прилеп во рамки на годишната програма  синоќа во Градската библиотека „Борка Талески“ се одржа предавање на тема „Етиката на современиот истражувач во научните истражувања“. Предавачот, м-р Моника Талеска, докторанд на ФТУ-Охрид, член на Претседателството на ДНУ-Прилеп ги поттикна основните поенти на темата, што како одговори...

Матеј Чатлески ќе боксува на „Balkan Boxing” во Бор (ФОТО)

  Во новата боксерска сезона , 2026 , прилепската боксерска гордост Матеј Чатлески ќе учествува на Balkan Boxing , на 28 март овој месец со директен пренос на ArenaFight. По тој повод вчера во Белград беше одржана заедничка прес-конференција на која се обратија директорот на Arena Channels Group, Небојша Жугиќ,...