Седум години од смртта на Симеон Иванов – Канго

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Денеска, 26 март, се навршуваат седум години од смртта на рокерот и гитарист Симеон Иванов – Канго. Тој почина во 2018 година по тешко боледување на 67-годишна возраст во Кочани.

Повеќе од 50 години се занимаваше со музика и уметност како поет-сликар, а беше основач и на културното движење „Мактеон“ кое ја промовираше македонската нација, култура и јазик.

Во својата долга музичка и поетска кариера Канго издаде седум музички албуми и четири стихозбирки.

Беше препознатлив по својот немирен творечки дух и необичен стил на музицирање и облекување, поради што го нарекуваа македонски Џими Хендрикс.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Обвинителството се сретна со семејствата на жртвите од „Пулс“: Истрагата е во напредна фаза, јавноста повикана да помогне

Јавниот обвинител и тимот што ја води истрагата за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска се сретнаа со семејствата на загинатите, при што ги информираа за текот на постапката и одговараа на нивни прашања. Обвинителството соопшти дека истрагата е сеопфатна и се разгледуваат сите можни аспекти на одговорност. Следна фаза ќе бидат распити

Амфенол вработува – Административен работник- Поддршка на купувач во ПЕ Берндт Рихтер

Моментално имаме потреба од 1 (ЕДНО) ново вработено лице за работно место     Административен работник- Поддршка на купувач во ПЕ Берндт Рихтер   Одговорности и задачи: ·         Усогласување со регулативите за материјали и стандарди за квалитет преку следење на добавувачи, проверка на материјали, управување со документација и континуирано подобрување во согласност со RoHS ,REACH,

AМФЕНОЛ ВРАБОТУВА – Административен работник

Моментално имаме потреба од 1 (едно) ново вработено лице за работно место:    Административен работник  – Поддршка на купувач – ПЕ ТЕЛ АД Одговорности и задачи: Примање на нарачки од купувач и внесување во систем Управување со нарачките од момент на внесување на нарачката во систем до нејзината испорака. Контрола на издавање на налог за