Седница на Совет на Совет на Општина Прилеп – Нови критериуми за поставување на урбана опрема пред угостителските објекти

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Програмата за утврдување на критериуми и стандарди за поставување на урбана опрема и користење на површина пред деловен објект на подрачјето на општина Прилеп беше тема на дискусија на денешната седница на Совет на Општина Прилеп.

Дискусијата се одвиваше во насока на начиниот „како ќе се применува програмата“  – „ќе има селективен пристап кон примената на програмата и кога таа ќе се имплементира?„ бараа одговор советниците од опозицијата.

Технички оваа програма се разликува само во еден мал дел  – промената е во насловот,  кој е променет од причини што од елементите кои ги користат угостителите, не е урбана опрема. И, се намалува површинат на закуп, од 6 метри на 4,5 метри. Не е дозоливо да се издаде одобрени за користење на јавна површина заградена со стаклници, паравани и сл. пред  објекти кои се користат како угостителските. И, самите угостителите бараат ред во оваа свера. Одобренијата кои ќе им бидат доставен оваа година ќе се прилагодуваат на просторните услови. Разгледани се сите опции, на сите граѓани кои планираат да ги користат јавните површини за таа дејност. Од вчерашната дебата со угостителите е констатирно дека сите го сакаат тој ред“, образложи раководителот од урбниот сектор на  Општина Прилеп.

Советниците расправаа и по предлогот за утврдување на надоместок на штета предизвикана од каснување од бездомни кучиња и по упатство за начинот и правилата на утврдување и исплата на овој надоместок, но овие две точки на крајот, беа отстранети, по предходна пауза на Советот на Општина Прилеп, како точки за кои би се расправало на наредна седница.

На седницата беше изгласана одлуката за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите во ЈОУ Дом за стари лица ,,Киро Крстески-Платник’’-Прилеп, која беше усвоена со мнозинство гласови,  одлуката и дадоа согласност за определување на ширина на крајбрежен појас во водотеците во планскиот опфат на УПС Штавица, КО Штавица и во планскиот опфат на УПС Тополчани, КО Тополчани и Општина Прилеп.

На дневен ред се најдоа и беа усвоени одлуките за именување на член во надзорен одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈКП ,,Водовод и канализација”- Прилеп и на Јавно претпријатие за енергетски дејности ,,Енерго-Прилеп” Прилеп, како и одлуките за именување на членови во управниот одбор на: ЈП за ПУП Прилеп, ЈСП Прилеп, ЈКП „Комуналец“– Прилеп, ЈОУДГ ,,Наша Иднина’’- Прилеп и на Јавно претпријатие за енергетски дејности ,,Енерго-Прилеп” Прилеп.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Отворен ден на прилепските средни училишта

Мај е месецот на уписи во образовниот систем, претставување на можностите на средните училишта, на профилите кои што се нудат за идните средношколци. Утре, четврток 14 ти мај, во четирите средношколски центри во Прилеп СОУ „Орде Чопела“, СОУ „Ѓорче Петров“, СОУ „Ристе Ристески Ричко“ и Гимназијата Мирче Ацев ќе се...

Прилепскиот театар подготвува нова претстава „Девојките на Марко“ во режија на Синиша Ефтимов

Во театарот „Војдан Чернодрински“ во полн ек се пробите за новата претстава „Девојките на Марко“  според Боинг Боинг од  Марк Камолети, во режија на Синиша Ефтимов, во која ќе игра поголемиот дел од ансамблот на театарот. Премиерата ќе биде на крајот на мај. Ова ќе биде втора премиера на претстава...

(ВИДЕО) Убава традиција – прилепските матуранти запеаа и заиграа во центарот на Прилеп

Убаво е кога се задржува традицијата, матурантската, барем за генерациите прилепски матуранти кои знаат како да го одбележат крајот на еден дел од нивниот живот и почетокот на за нив една нова страница во животот, и тоа во центарот на градот. И годинава успеавме да ја регистрираме таа атмосфера, исполнета...