Во Прилеп во храмот кој го носи името на сесловенските просветител Кирил и Методиј одадена почит на просветителите

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Храмот „Свети Кирил и Методиј“ – Параклис , кои со гордост го носи името на сесловенските пресветители, денеска со  Светата Божествена Архиерејска Литургија, посветена на споменот на  Свети Кирил и Методиј, со која чиноначалствуваште Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение со Митрополитот Австралиско-новозеландски г. Никола и прилепските свештенослужители,  го одбележан празникот Св.Кирил и Методиј, во чест на двајцата браќа кои со нивната просветителска мисија ги обединија словенските народи, создавајќи ја сесловенската азбуката и  предведувајќи ги духовните книги на разбрирлив сесловенски јазик.

На денешната Света литургија во чест на Св. Кирил и Методиј присуствуваше и градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски кој по овој повод им го честита празникот на прилепчани  24 Мај , Денот на светите браќа Кирил и Методиј.

Денеска со гордост и длабока почит, се навраќаме кон делото на сесловенските просветители кои му дадоа духовна и културна сила на словенскиот свет. Тие му подарија на народот можност да учи, да се просветлува и да го слуша Божјото слово на свој, разбирлив јазик. Токму затоа, нивното дело и денес претставува темел на нашето образование, култура и национален идентитет. Македонскиот јазик, писменоста и просветата се богатство кое мораме да го чуваме и да го пренесуваме на идните генерации. Во време на брзи промени, токму образованието и културата се најсилниот чувар на нашата самобитност и достоинство. Вечна нека е нивната просветителска мисија и светлината што ја оставија зад себе.

, истакна Проданоски.

Во духот на 24 Мај -Денот на сесловенските просветители, делото на Светите браќа Свети Кирил и Свети Методиј останува едно од највеличествените цивилизациски наследства во македонската, словенската и европската историја.

Нивната мисија, родена во деветтиот век, не била само духовна и христијанска, туку и длабоко просветителска, културолошка и човечка. Таа претставувала пресвртница што засекогаш го променила духовниот и културниот развој на словенските народи, отворајќи им го патот кон писменоста, образованието и сопствениот духовен израз.

Нивното наследство и денес е обединувачка вредност за словенските народи и за Европа. Тоа нè потсетува дека културите не се создадени за да се разделуваат, туку за да се поврзуваат преку заемна почит, духовност и просветителство. Во таа смисла, Светите Кирил и Методиј не се само историски личности, туку  се вечен симбол на словото, просветата и духовната слобода.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Нов безбеден кров на училишната спортска сала при ООУ „Климент Охридски„ – Прилеп

Спорската сала на ООУ Климент Охридски – Прилеп доби нов кров. Реконстуркцијата е реализирана со финаисика помош на Министерството за образование и наука, кое ја препозна важноста на овој објект што значително се подобрени условите за одвивање на воспитно-образовниот процес во училиштето во делот на физиката наобразба на учениците. Проектот...

(ГАЛЕРИЈА)Отворена фото изложбата „Слики кои раскажуваат вистински и искрени приказни“

По повод големиот национален празник во чест на светите браќа Кирил и Методиј во Мултимедијалниот центар во Кривогаштани денеска беше отворена изложбата на фотографии од Богоја Бојчески под наслов „Слики кои раскажуваат вистински и искрени приказни“ во присуство на градоначалникот на Општина Кривогаштани Игор Каравилоски, претставници од Фото сојузот на...

(ВИДЕО + ФОТО) Бутик МОNО нова модна дестинација со префинете естетски паричиња за сите

Новоотворениот бутик МОNО – во Прилеп, прекрaсно дизајниран и впечатлив, со локција – прилепекси плоштад, наспрот споменикот Крали Марко, ќе мора задолжително да го посетите ако  барате, за Вас и за Вашето семејство колекции со јасно изразен естетски потпис и за различни пригоди. Без разлика дали станува збор за минималистички...