Се одржа 28. издание на „Деновите на медот“

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Паркот на Револуцијата“ во викендов беше место на случување на традиционалната манифестација „Денови на медот“, која годинава, во организација на Пчеларското здружение „Матица“ од Кочани, го доживеа своето 28. издание.

На повеќе од дваесет штанда се претставија пчелари од целата држава, од Охрид до Пехчево. Излагачите понудија пчелни производи во различна форма, комбинирани со масла и други растителни продукти, што го зајакнуваат имунитетот и позитивно делуваат на здравјето. Се нудеше и опрема, неопходна за пчеларите.

– Идејата е промоција на медот и останатите пчелни производи. Медот треба да се конзумира во текот на целата година за да се види бенефит од него, рече Борчо Атанасов, претседател на ПЗ „Матица“ од Кочани, на чинот на отворањето на оваа традиционална манифестација.

Претседателот на Сојузот на пчеларските здруженија на Македонија, Менде Трајковски, е редовен гостин на „Деновите на медот“ во Кочани. Тој, ПЗ „Матица“, го смета за едно од најактивните здруженија во регионот, што со различни активности придонесува за афирмација на пчеларството како економска дејност.

Пчеларите во Македонија од Министерството за земјоделство добиваат субвенција од 600 денари по пчелно семејство. Според Трајковски,  Европскиот пчеларски сојуз кој е формиран минатата година издал препорака до сите земји од Европската унија за дополнителна поддршка од 600 денари по пчелно семејство во 2026 година. Заклучокот е пренесен и до надлежното ресорно министерство кај нас, од каде е добиено ветување дека истото ќе се реализира.

Одржувањето на Манифестацијата „Денови на медот“ е поддржано од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и од Локалната самоуправа на Општина Кочани/

 

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Да не помагаа од обезбедувањето, ќе имаше и повеќе жртви, сведочи девојка што го сними почетокот на пожарот во „Пулс“

На денешното рочиште за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани сведочеше 21-годишната Мартина Ристовска, која била во објектот кога избувнал пожарот. Таа случајно го снимила почетокот на пожарот на видео за Инстаграм, но, како што рече, тоа го забележала дури следниот ден кога го прегледала видеото. Според нејзиниот исказ, на бината имало три прскалки, а

Мицкоски за „Кочани 2030“: Ветеното ќе се реализира – најави присуство на дел од настаните по повод одбележувањето на годишнината од „Пулс“

Премиерот Христијан Мицкоски при денешната посета на Штип, на новинарско прашање од Канал 77, за тоа дали има новитети околу проектот „Кочани 2030“ и ветените 100 милиони евра за обнова на градот кој ја претрпе ужасната трагедија во Пулс, посочи дека веќе се размислува за отпочнување на три проекти: „Апсолутно дека има веќе придвижување, ние