Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – август годинава, во однос на истиот период лани, се намалил за 3,8 %, објави Државниот завод за статистика.
Бројот на работниците во август 2025 година, во однос на август 2024 година, во секторот „рударство и вадење на камен“ се намалил за 1,7%, во секторот „преработувачка индустрија“ за 2,7%, а во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ за 0,6 %.
Во август забележа годишен пад за 2,6%









