Саидова : Ромската заедница во Кочани е изложена на долгогодишна негрижа

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Почитувани сограѓани, претставници на медиумите, почитувани пријатели,

Јас сум Мануела Саидова, кандидат за член на Советот на Општина Кочани од независната листа „За живот во Кочани“, како претставник на ромската заедница. Имам завршено гимназиско образование и недовршени медицински студии, а професионално работам во Министерството за финансии – Трезорска канцеларија во Кочани.

 

Долги години сум активна во граѓанскиот сектор, посветена на подобрување на животот на Ромите, младите и жените.

И пред сè – сопруга и мајка на три ќерки, а токму тоа ме прави посилна, поупорна и поодлучна во борбата за подобра иднина на сите наши деца.

 

Реалната состојба во ромското маало денес?

 

Денес, ромската заедница во Кочани живее во услови кои не доликуваат на 21 век. Фекалии течат по улиците, калта е секојдневие, а депониите се насекаде. Сметот се собира еднаш месечно, децата играат покрај отпад, младите немаат спортски терени, а многу семејства живеат без основни услови за живот.

 

Ова не е резултат само на сиромаштија или неодговорност, туку на долгогодишната негрижа и ад-хок политика за ромската заедница, во кој период за цело време во политиката се активни и сегашните мои опоненти, кои повторно со нивни ветувања, без срам и перде се појавуваат и на овие избори, со една единствена цел, повторно да го изманипулираат ромското население и повторно заедницата да тапка во место, како и во последните 20 години.

 

Која е мојата визија и моите конкретни проекти?

 

Мојата визија е Кочани – град на еднакви можности и еднакви права, каде секој граѓанин живее достоинствено и има еднаков пристап до институциите.

 

Моите конкретни проекти во делот на инфраструктура.

 

Санација и ставање во функција на улиците: „Стамен Манов“, „Дуди Ханум“, „Славчо Стојменски“, „Митко Беќарски“ и „Шукри Шаин“. (секоја година ке се санира по една од овие улици)

Изградба на потпорни ѕидови и уредување на пристапните улички во „Колерските гробишта“ и Полатски пат. Рок – крај на 2026 година.

Изградба на кракови (секаде каде нема) и санација на постоечките / за одвод на фекални и атмосферски води и пристап до чиста вода.

Редовно чистење на сите идентификувани депонии во ромската заедница и околината и хортикултурно уредување на тие локации.

Хортикултурно уредување – зеленило, клупи и осветлени пешачки патеки, посебно од сите пристапни страни кон ромкото маало. Рок .. до крај на 2026 година.

 

Моите проекти во делот на културата и промоција на соживот во Кочани

 

Формирање Ромски културен центар во Кочани.

Организација на мултикултурен фестивал по повод 8-ми Април – Светскиот ден на Ромите.

Поддршка на фолклорни друштва, локални уметници, драмски групи и музички ансамбли.

Поддршка и соработка со сите граѓански здруженија, истакнати академски граѓани и активисти за проектни кои ке имаат влијание на стандардот и концептот на размислување.

 

Проекти во делот на поддршка и развој на образованието и младите

 

Менторски програми и стипендиски фонд за ученици и студенти.

Центар за образовна поддршка – за најмалите ученици од одделенска настава со цел полесно да го совладаат македонскиот јазик и материјалот, односно училишните обврски (учење, развој, насочување).

Формирање на посебни тимови од основните и средните училишта за психосоцијална поддршка на ромските семејства и помош да го идентификуваат образованието како висок приоритет за нив и нивните семејства.

Формирање младински хаб – простор за креативност, обука, дигитални вештини и активизам. (младите роми ке се инклудираат во програмите за млади и локалниот младински совет на општина Кочани и рамноправно ке учествуваат во сите активности, а дополнително ке се организираат активности кои се наменетин за младите роми со цел да ги постигнат неопходните вештини и самодоверба).

Организирање на воннаставни активности за учење и развој за возрасни лица (вонредно основно образование, вонредно средно образование, занаети, квалификации и доквалификации итн)

Координација и соработка со бизнис секторот за програми на практикантство и прво вработување на млади лица. – Стимулирање на работливоста и насочување на младите на пазарот на труд.

 

Здравство и социјална заштита

 

Програми за здравствена едукација на жените Ромки.

Мобилна здравствена екипа во ромските маала.

Поддршка за стари и изнемоштени лица преку локален центар за дневна грижа.

 

Економија и вработување

 

Поддршка на женско претприемништво и микро-бизниси.

Отворање социјални претпријатија во ромската заедница со можност за вработување на лица во социјален ризик.

 

 

Драги сограѓани,

 

Јас не ветувам чуда – ветувам работа, чесност и упорност и што е најважно! – ефикасно застапување на интересите на ромската заедница во Советот на Општина Кочани.

 

Нашата визија „За живот во Кочани“ е повик за заедничка иднина – без поделби и без ограничувања. Секое дете заслужува еднаков почеток. Секоја жена – поддршка. Секој млад човек – можност.

Очекувам дека на овие избори ке надвладее разумот и ке размислувате слободоумно и во ваша корист, односно ке се одлучите да гласате за човек кој знае да ги застапува вашите интереси на професионален начин.

 

Нашата иднина не е само Водовод, не е метлата во Водовод, нашата иднина се образовани и едуцирани млади Роми, инжинери, правници, економисти, доктори !

 

Време е да ја вратиме надежта.

Време е за живот во Кочани!

Благодарам

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Креирање ефективни земјоделски политики со проектот AgriExcel од програмата Interreg Europe

На 14 октомври во Кочани се одржа првата средба на засегнатите страни во рамки на проектот AgriExcel, финансиран од програмата Interreg Europe со цел размена на идеи, искуства и идентификување на приоритети за унапредување на регионалната соработка во дигитализацијата и иновациите во земјоделството.       На состанокот учествуваа претставници од Земјоделскиот факултет при Универзитетот

Грозданов: Со 100 илиони евра инвестиции Кочани ќе прерасне во центар на источниот регион – град со европска инфраструктура и достоинствен живот

Сто милиони евра инвестиции во капитални проекти за Кочани најави денеска кандидатот за градоначалник на Општина Кочани, предложен од ВМРО – ДПМНЕ, Владко Грозданов, на средбата со граѓани во центарот на градот. Според него, станува збор за средства што ќе бидат обезбедени преку странски партнери, надвор од редовниот Буџет на Владата. – Само за Кочани

Здружението на слепи и слабовидни лица од Кочани денеска го одбележува Меѓународниот ден на белиот стап

  По повод 15 октомври, Меѓународниот ден на белиот стап, симбол на независноста и слободата на движење на слепите лица, Здружението на слепи и слабовидни лица од Кочани денеска одржа прес-конференција во Паркот на револуцијата. На настанот се обратија Тоше Илиев и Душан Граовац, активни членови и застапници на правата на лицата со оштетен вид.