Рудник Саса го одбележа Светскиот ден на животната средина со иницијатива за биодиверзитет и климатска акција

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Рудник Саса и оваа година го одбележа 5 Јуни – Светскиот ден на животната средина (World Environment Day 2026), реализирајќи нова едукативна и еколошка иницијатива под мотото „Пријатели на биодиверзитетот – Чувари на природата и климата“ (#3BBuddies; #BeesBugsBirdsGuardians; #SasaForNature; #WorldEnvironmentDay), насочена кон подигнување на јавната свест за значењето на биолошката разновидност, зачувувањето на природата и потребата од климатска акција.

Со оваа иницијатива, рудникот Саса и официјално се приклучи кон глобалното одбележување на Светскиот ден на животната средина, во рамки на кое годинава се организираат над 2200 настани ширум светот посветени на заштитата на животната средина и климатската акција.

Иницијативата, која се реализираше во партнерство со ЈП „Национални шуми“ и СОУ „Миле Јаневски Џингар“ од Македонска Каменица, имаше за цел преку практични активности и едукација да ги вклучи младите во заштитата на природните вредности на Осоговските Планини, чии делови се прогласени за заштитено подрачје.

Во рамки на проектот, ученици од средното училиште, заедно со тимот за заштита на животна средина и претставници од програмите за стручно образование од Рудник Саса, изработија куќички за птици и засолништа (т.н. „хотели“) за корисни инсекти и диви пчели, користејќи природни и реупотребливи материјали.

На Светскиот ден на животната средина, за учениците беше организирана настава во природа во шумско подрачје на Осоговските Планини. На овој час во природа, претставниците од тимот за животна средина на Саса, нивниот професор по биологија и претставниците од ЈП „Национални шуми“ ги запознаа учениците со значењето на Светскиот ден на животната средина, климатските предизвици, потребата од климатска акција и важноста на зачувувањето на биодиверзитетот. Учениците имаа можност да се запознаат со природните вредности на Осоговските Планини, специфичните растителни и животински видови, значајните живеалишта и уникатната поврзаност помеѓу човекот и природата во овој предел.

Активностите завршија со поставување на претходно изработените куќички за птици и засолништа за инсекти и диви пчели на соодветни локации во шумското подрачје, определени од страна на претставниците на ЈП „Национални шуми“.

Веруваме дека заштитата на животната средина започнува со едукација, личен пример и активно вклучување на младите. Преку вакви иницијативи сакаме да поттикнеме поголема свест за поврзаноста помеѓу биодиверзитетот, климатските промени и одговорното управување со природните ресурси“, велат од Рудник Саса.

Оттаму посочуваат дека оваа иницијатива е само една од многуте активности што рудникот континуирано ги реализира со цел унапредување на еколошката свест, поддршка на локалната заедница и промовирање на заедничка одговорност за заштита на животната средина.

Во последните неколку години, во Рудник Саса се инвестирани повеќе од 100 милиони американски долари за модернизација на работењето на рудникот, вклучувајќи и капитални развојни проекти. Овие инвестиции овозможија Рудник Саса да работи поефикасно, побезбедно и поодговорно кон животната средина, преку структуриран систем за заштита на животната средина согласно законските барања, најдобрите достапни техники и најсовремените меѓународни стандарди во рударската индустрија.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Кривична пријава за 37-годишник од Виница по напад врз малолетник о

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против Г.Н. (37) од Виница поради сомнение дека сторил кривично дело „насилство врз дете“. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 16 април годинава во Виница, пријавениот физички нападнал малолетник од градот. По преземените мерки и документирањето на случајот, против осомничениот е поднесена соодветна кривична

SPAR – Вработува продажен персонал во Кочани – Станете дел од најголемото семејство, Мој СПАР, Мој избор !!!

Време е за голем чекор напред! Најголемиот меѓународен синџир маркети СПАР, конечно пристигнува  и вработува во Кочани. Дали си подготвен за нешто навистина големо? Стани дел од нашиот тим и искористи ги гигантските можности за гигантска кариера во СПАР. Нудиме одлична работна атмосфера, сигурни примања и реална шанса за професионален раст. Твојата гигантска иднина почнува

Нова милионска инвестиција во Виница – „ВИНЧИНИ“ отвора нова фабрика вредна 8,5 милиони евра

На 08 јуни (понеделник), во присуство на претседателот на Владата на Македонија,Христијан Мицкоски, министри, претседателот на Стопанска комора, Бранко Азески и градоначалникот на Општина Виница, Митко Костадиновски, свечено ќе биде пуштена во употреба новата фабрика за производство на вафли на ВИНЧИНИ- инвестиција од 8,5 милиони евра реализирана за само шест месеци. Новата фабрика располага со