Нова милионска инвестиција во Виница – „ВИНЧИНИ“ отвора нова фабрика вредна 8,5 милиони евра

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk
На 08 јуни (понеделник), во присуство на претседателот на Владата на Македонија,Христијан Мицкоски, министри, претседателот на Стопанска комора, Бранко Азески и градоначалникот на Општина Виница, Митко Костадиновски, свечено ќе биде пуштена во употреба новата фабрика за производство на вафли на ВИНЧИНИ- инвестиција од 8,5 милиони евра реализирана за само шест месеци.
Новата фабрика располага со две современи производствени линии и претставува значаен чекор во развојот на компанијата Макпрогрес и брендот ВИНЧИНИ. Со почетокот на работата веднаш се отвораат 40 нови работни места, а во текот на следната година се планирани уште 40 дополнителни вработувања.
Воедно, производствените капацитети на ВИНЧИНИ ќе се зголемат за околу 30 проценти.
Општина Виница ја поздравува оваа значајна инвестиција како силен поттик за локалниот економски развој, отворањето нови работни места и јакнењето на индустрискиот потенцијал на регионот.
Виница продолжува да се развива како значаен индустриски и извозен центар во Источниот плански регион. Отворањето на новата фабрика на ВИНЧИНИ претставува силна потврда за довербата во локалната економија, домашното знаење и квалитетот на македонското производство.
По свеченото пресекување на лентата, делегацијата ќе ги посети новите производствени капацитети и ќе се запознае со современите технологии и производствени процеси кои ќе придонесат за понатамошен раст на македонската прехранбена индустрија и нејзината конкурентност на светските пазари

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Кривична пријава за 37-годишник од Виница по напад врз малолетник о

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против Г.Н. (37) од Виница поради сомнение дека сторил кривично дело „насилство врз дете“. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 16 април годинава во Виница, пријавениот физички нападнал малолетник од градот. По преземените мерки и документирањето на случајот, против осомничениот е поднесена соодветна кривична

SPAR – Вработува продажен персонал во Кочани – Станете дел од најголемото семејство, Мој СПАР, Мој избор !!!

Време е за голем чекор напред! Најголемиот меѓународен синџир маркети СПАР, конечно пристигнува  и вработува во Кочани. Дали си подготвен за нешто навистина големо? Стани дел од нашиот тим и искористи ги гигантските можности за гигантска кариера во СПАР. Нудиме одлична работна атмосфера, сигурни примања и реална шанса за професионален раст. Твојата гигантска иднина почнува

Рудник Саса го одбележа Светскиот ден на животната средина со иницијатива за биодиверзитет и климатска акција

Рудник Саса и оваа година го одбележа 5 Јуни – Светскиот ден на животната средина (World Environment Day 2026), реализирајќи нова едукативна и еколошка иницијатива под мотото „Пријатели на биодиверзитетот – Чувари на природата и климата“ (#3BBuddies; #BeesBugsBirdsGuardians; #SasaForNature; #WorldEnvironmentDay), насочена кон подигнување на јавната свест за значењето на биолошката разновидност, зачувувањето на природата и