Рудар Рок Фест XI! 23 Август 2025 година 19 часот; Градски парк – Пробиштип Влез: слободен

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Со гордост сакаме да го најавиме ХI издание (четврто по ред) на единствениот Рудар Рок Фест. Особено нѐ радува фактот дека секоја година од овој фестивал правиме сѐ поголема и поуспешна приказна.

Рудар Рок Фест веќе втора година е интернационален музички настан кој промовира хард-рок култура. Оваа година на фестивалот ќе доминираат панк, пост-панк, спид, хеви и треш метал стилови од повеќе бендови.

Leatherhead е бенд од Лариса, Грција формиран во 2022 со цел да донесе брза, хеви метал музика. Стартот беше направен со нивниот сингл Tomahawk од истата година. Во летото 23 бендот влезе во студио за снимање на нивниот деби албум хеви метал хорор мјузикл комбиниран со високи вокали и гитарски мелодии и агресија на треш метал. По нивното потпишување за No remorse Records деби албумот излезе во октомври 2025 добивајќи одлични критики.Во 2025 бендот настапуваше на повеќе од 10 концерти во Грција и Европа делејќи ја сцената со Destruction, Heir Apparent, Tankard, Savatage, Michael Schenker и други.

Оваа година на Рудар Рок Фест ќе настапи еден од најкултните панк бендови на екс-ју просторите – KBO!! Бендот е формиран далечната 1982 во Крагуевац, Србија, ги надмина сите предизвици на времето, политички и културни влијанија, и денеска слободно можеме да кажеме дека остави најголема трага во панк музиката изминативе четириесeт години на екс-ју просторите. И не само тоа. Бендот, во својот подем кон крајот на 80-тите и почетокот на 90-тите, свири сo најпознатите светски панк бендови како Gorilla Biscuits, Emils, Babes in Toyland, Political Asylum, итн. Прави турнеи скоро низ сите европски држави, започнувајќи од Унгарија, па преку Австрија во Белгија, Холандија, итн.. На многу милионски продавани, светски панк компилации се наоѓаат и песните на KBO! Оригиналната постава на бендот е од 1986 година ( Иван Ивезиќ – ритам гитара, Слободан Вујиќ – тапанар, Саша Вујиќ – сoло гитарист и пејач) кога започнуваат да снимаат демо синглови и затоа ги прави едни од најстарите панк бендови во светот. Карактеристика на бендот е дека во нивната музика недостасува бас гитара. После неколку демо снимки, првото LP со наслов Forever Punk им е излезено во 1989 година и оттогаш имаат издадено десетина албуми и синглови. Ги гледаме на Рудар Рок Фест 2025!!!

Korka е млад, гласен петчлен бенд од Кочани, кој инкорпорира множество елементи од дисонантните нојз рок 90-ти и бурната алтернативна рок сцена. Со својот самонасловен ЕП преку бучни рифови и нежни и гневни вокали ќе ви го претстават ужасниот живот на анти-херојот „Ристо”. „Корка“ ја сочинуваат пет млади, талентирани и пред се работливи луѓе: Ненад Стојанов – бас гитара и вокал, Давид Лазаров – гитара, Борис Медарски – гитара, Анастасија Стоименовска – вокал и Вики Петрова – тапани.

Scattered веќе 20 години постојат на домашната алтернативна музичка сцена и се формирани во 2005 година во Струга. Нивната музика е комбинација на повеќе метал правци, но генерално може да се каже дека претставува прогресивен мелодичен треш-дет метал до силни влијанија од традиционален хеви метал и паур метал. До сега имаат издадено два албуми: Introspection и Extrospection. Оваа есен се очекува да го издадат и нивниот трет албум. Нивната музика изобилува со брзи, енергични и искршени ритмови, моќни драматични вокали и виртуозни гитари. Scattered е составен од 5 членови:Миланчо Павлески – гитара; Горан Силјановски – гитара; Јордан Маленко – тапани; Стефан Ѓуровски – бас; Пеце Клечкароски – вокал;

Првично формиран на почетокот на деведесетите години од страна на група млади луѓе кои растеа и се развиваа во време на златната ера на рок и хеви метал музика,групата The Undertakers Band од Свети Николе се реоформира во 2022 година и е составена од членови од различни генерации на кои заедничка кауза им е промоција на рок и хеви метал културата. Од реоформирањето имаат настапувано на повеќе настани-мото собири, локални музички настани и кафе барови. Во нивниот репертоар преовладуваат енергични рок и хеви метал нумери. Бендот го сочинуваат: Павле Јованчев – гитара, Дејан Серафимов – гитара, Александар Ефремов – бас, Александар Поповски – тапани, Виктор Митевски – вокал, Игор Панов – вокал; Бидете спремни за дополнителни збогатувања на програмата за Рудар Рок Фест 2025!!! Следете не!

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Фонтаните во Кочани надвор од функција: „Зрно“ повторно расипана, неработи и фонтаната во Паркот на Револуцијата

Фонтаната „Зрно“ во ГТЦ – Кочани, и покрај тоа што беше неодамна пуштена во употреба и функционираше речиси две недели, повторно е вон функција. Според информациите, моторот претходно бил на сервис, но дефектот се појавил повторно. Во текот на денешниот ден, екипа од КЈП „Водовод“ излегла на терен за увид во состојбата. Сепак, засега нема

Повеќето жртви во „Пулс“ се задушиле од јаглерод моноксид, дел починале од згмечување во стампедото

Во судницата во Идризово денес беа презентирани едни од најтешките материјални докази во процесот – над 60 писмени извештаи од извршените обдукции на настраданите во пожарот во „Пулс“. Деталите од наодите на судска медицина откриваат морничава слика за последните моменти на жртвите, од кои голем дел биле на возраст од 16 до 25 години. Извештаите

Приведувања во Виница и Кочани: закани под дејство на алкохол и возење без дозвола

На 27.04.2026 во Виница, полициски службеници од ОВР Виница го приведоа Ј.К.(34) од Виница, постапувајќи по претходна пријава дека агресивно се однесувал и се заканувал на соседот Е.А.(34) од Виница. При преземање мерки било констатирано дека Ј.К. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,57 промили алкохол во крвта. Во врска со истиот