РК Прилеп во Универзална, Победа има понуда од сериозен инвеститор (ВИДЕО)

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

На теми од спортот со Ирена Јакимовска, генералниот менаџер на Комфи Ангел во традиционалното годишно интервју на Радио Пела. Некогаш директно инволвирана во ракометот, Јакимовска секогаш наоѓа начини да помогне спортскиот дух да се почитува и негува во Прилеп и преку ракометот и во фудбалот. „Во 2025 та РК Прилеп ќе настапува во Универзалната сала во Прилеп, а ФК Победа е на добар пат да застане на здрави нозе преку сериозни инвеститори и спортски менаџер-директор на клубот, “вели Јакимовска:

– Младоста и спортот се синоним на Прилеп –

За ракометот и за враќање на спортистите во Универзална сала Прилеп:

„Се надеваме дека во некои идни времиња како што Комфи Ангел е самоодржлив така и во ракометот РК Прилеп ќе биде самоодржлив и така да креираме самоодржлив и подобар животен стандард. Најважно и клучно за да може тоа да се реализира им треба алатка, алатката им е секако салата-Универзалната сала. Ние како компанија можеби би одлучуле во некое догледно време и сами да изградиме сала. Меѓутоа е неблагодарно кога веќе имаме сала, и тоа имаме сала која што не ни може да ја изгради некој денеска, истата да не се адаптира на потребите на спортот. Не само на ракометот, туку и на сиот спорт. Ја користам приликава да му се заблагодарам на министерот за спорт Борко Ристовски кој што навистина покажа поинаков пристап и заинтересираност да го реализира она што го договара. Така што имаме позитивни вести за Универзална сала и истата да се даде на право на користење на РК Прилеп. Во моментов чекаме информација од градежна компанија колку би чинела санацијата на она што салата да се стави во функција. Искрено се надевам дека 2025 та ќе можете во живо да пренесувате натпревар од РК Прилеп од Универзална сала и тоа е мојата желба! “    

За ФК Победа – гордоста на Прилеп:

„Комфи Ангел беше акционер на ФК Победа, но ние ги подаривме акциите на моменталните акционери кои раководат со ФК Победа. Морам да признам и да се извинам пред прилепската јавност дека дури и јас кога ја водев Победа не ја раководев професионално. Бидејќи не бев ни спортски директор, не ја знаев материјата, ја раководев како компанија, не ја водев како спортска организација. Тоа е во стварност како голема институција и бара професионален пристап. И морам да кажам дека, и кога јас барам извинување за таквото раководење, и никој од нас после приватизацијата на Победа, не бил достоинствен и добар за да креира Победа онаква каква што ја заслужува Прилеп и прилепчани. Меѓутоа сега има една убава вест, убава светла точка во тунелот. Јас лично разговарав со инвеститорот кој што е во САД, неговата мајка е прилепчанка, и можеби тоа е иницијативата да врати нешто во општеството, назад во Прилеп. Меѓутоа тоа е уште повеќе што стои зад спортскиот директор Саше, кој што сака да креира правилен професионален клуб од Победа. Значи во овој момент имаме понуда на масата од инвеститор, кој што со изработен буџет, како треба професионално да изгледа еден фудбалски клуб, а не онака како што јас импровизирано го водев (кога немате средства вие морате да импровизирате), и затоа е тешко кога импровизирате да кажете дека сте професионалец. И второ што е уште поважно имате професионалец да води фудбалски клуб. Сметам дека заслужуваат да им се даде шанса, луѓето сакаат да им ги откупат за пари акциите, значи истите акции кои што ние ги отуѓивме без надомест, на моменталните акционери им се нудат за тие акции пари – се надевам дека ќе најдат некое заедничко решение и дека ќе преовлада колективниот интерес пред личниот.  Мора да знаеме дека ако не враќаме на општеството и ако не се грижиме за колективниот интерес како бумеранг ќе ви се врати и вам лично. Вие не можете да сте надвор од ова општество, вие сте дел од оваа животна средина. Верувам дека ќе најдат некое соодветно решение и конечно и фудбалот би добил професионалци! Значи од една страна го имаме ракометот воден од професионална екипа, фудбалот професионален, гледам дека и во кошарката има позитивни чекори со инволвирање на Прилепска Пиварница, Витаминка си е инволвирана во женскиот ракомет и на тој начин ќе придонесеме спортот да се крене на едно друго – повисоко ниво!“

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ВИДЕО)Овчарството ќе згасне ако државата сериозно не се справи со проблемите на сточарите

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството од Прилеп започна со кампањата „Прашај ја Агенцијата’’ со средба со одгледувачите на овци. Како да се надминат проблемите со исплата на субвенциите за неколку години, вклучително и 2025 та, како е структуирана Програмата за финансиска поддршка за 2026 та беа дел од темите...

(Видео) Изработија 1000 мартинки за 1000 деца од градинките и за децата со посебни потреби, за денот на пролетта

На првиот ден од март, членките на Здружението „Преродба „ изработија над 1000 мартиники и им ги подарија на најмладите, децата, зачувувајќи ја древната традиција на изработката, дарување и носење на мартинки. Во минатото, првиот ден од месец март Македонците го славеле како празник на пролетта, љубовта, цвеќињата и убавината....

Наградени над 300 ученици за освоени медали во спортските општински натпреварувања

Во организација на Сојузот на училишен спорт – Прилеп, денеска беа доделени плакети и стауетки на над 300 учениците од основните и средните училиштата во Прилеп, кои биле општински прваци во 20 тина колективни спортскти дисциплини, во женска и машка конкуренција,  за учебната 2025/2026 година. „Спортот ги учи младите на...