Ристески: Ќе направиме се што можеме за да помогнеме на фабриката „Макпрогрес“ од Виница во овој тежок период

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески денеска ја посети фабриката на компанијата „Макпрогрес“ од Виница, каде во саботата изби голем пожар во погоните и магацините на фабриката.

Пожарот нанесе голема штета и уништи дел од имотот, опремата и капиталот на фабриката која е една од најголемите производни капацитети во Македонија. На средбата со извршниот директор на „Макпрогрес“ Глигор Цветанов, заменик-министерот Ристески кажа дека државата ќе направи се што е во нејзина можност за да го помогне опстанокот и обновувањето на компанијата.

Цветанов на средбата потенцираше дека компанијата претрпела сериозни штети од пожарите, но дека ниту еден од вработените од нивните капацитети нема да остане без работното место и плата.

Ристески даде поддршка на иницијативата на Стопанската комора за кампања за зголемена продажба на производите на оваа компанија и ги повика сите граѓани да се приклучат на оваа и сите останати иницијативи за поддршка на компанијата преку купување на производите кои се дел од компанијата „Макпрогрес“.

Мораме да го поддржиме домашното производство и ваквите акции и апелите од коморите и јавноста на социјалните мрежи, уште еднаш ја покажаа солидарноста на нашите граѓани кој знаат да се обединат и да помогнат кога е најтешко. Ги повикувам сите граѓани заедно да помогнеме во опстанокот на оваа компанија, да купуваме производи од брендовите на „Макпрогрес“ со што ќе и помогнеме на компанијата и нејзините вработени – кажа заменик-министерот Ристески.

„Макпрогрес“ од Виница е основана пред 35 години со повеќе од 500 вработени лица. Компанијата е една од најголемите компании од кондиторско-пекарската индустрија, која 75 проценти од своето производството го извезува во 45 држави во светот. Дел од брендовите на „Макпрогрес“ се производите „Винчини“, „Сончева Долина“, „Натура“, „Дониа“…

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Фонтаните во Кочани надвор од функција: „Зрно“ повторно расипана, неработи и фонтаната во Паркот на Револуцијата

Фонтаната „Зрно“ во ГТЦ – Кочани, и покрај тоа што беше неодамна пуштена во употреба и функционираше речиси две недели, повторно е вон функција. Според информациите, моторот претходно бил на сервис, но дефектот се појавил повторно. Во текот на денешниот ден, екипа од КЈП „Водовод“ излегла на терен за увид во состојбата. Сепак, засега нема

Повеќето жртви во „Пулс“ се задушиле од јаглерод моноксид, дел починале од згмечување во стампедото

Во судницата во Идризово денес беа презентирани едни од најтешките материјални докази во процесот – над 60 писмени извештаи од извршените обдукции на настраданите во пожарот во „Пулс“. Деталите од наодите на судска медицина откриваат морничава слика за последните моменти на жртвите, од кои голем дел биле на возраст од 16 до 25 години. Извештаите

Приведувања во Виница и Кочани: закани под дејство на алкохол и возење без дозвола

На 27.04.2026 во Виница, полициски службеници од ОВР Виница го приведоа Ј.К.(34) од Виница, постапувајќи по претходна пријава дека агресивно се однесувал и се заканувал на соседот Е.А.(34) од Виница. При преземање мерки било констатирано дека Ј.К. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,57 промили алкохол во крвта. Во врска со истиот