Промовирана книгата нови драми „Драмолетање“, издание на МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Книгата „Драмолетање“ во издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ од Прилеп ќе биде промовирана утревечер во 19 часот во Факултетот за драмски уметности во Скопје. Четири драми избрани од првиот повик и пичинг форум што се организираше во рамките на 59-то издание на фестивалот, се застапени во ова важно издание за македонската драматургија.

Станува збор за драмите: „Голи души“ од Иван Додовски, „Ложа“ од Марио Стојаноски, „Хитлер е жив“ од Ева Камчевска и „Чудесен лек“ од Коста Бојчески.

Секој од овие текстови претставува оригинален авторски глас и отвора сопствено сценско истражување – од интимни и егзистенцијални прашања, преку социјални и политички теми, до хумор и апсурд. Со оваа книга започнуваме да градиме архив и сведоштво за новата македонска драма – чекор кон нејзина поддршка, афирмација и присуство на сцената.

За драмите и за платформата „Драмолетање“ ќе зборуваат Ана Стојаноска, директор на МТФ „Војдан Чернодрински“ и Петар Антевски, продукциски координатор на фестивалот и приредувач на изданието.

На промоцијата ќе присуствуваат авторите на драмите, а ќе бидат прочитани и извадоци од истите.

„Со оваа селекција не сакаме само да претставиме избор од новата македонска драматургија, туку и да создадеме архив и сведоштво за еден процес што започнува. А со оваа книга, за првпат публиката ќе има можност да ги прочита овие текстови што го отвораат патот за нови авторски гласови и современи сценски идеи. Драмолетање за нас претставува значаен чекор во поддршката и афирмацијата на новата македонска драма. Со оваа иницијатива целиме да создадеме платформа што го поттикнува развојот на драмата и нејзиното присуство во театарската сфера.

„Драмолетање е новата платформа на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, посветена на современата македонска драма. Создадена со цел да им даде простор на авторите, таа отвора можност нивните текстови да го најдат својот пат до сцената“, истакнуваат од МТФ „Војдан Чернодрински“.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

СОВЕТНИЧКАТА ГРУПА НА СДСМ И КОАЛИЦИЈАТА БАРА ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ ЗА АКТУЕЛНАТА СОСТОЈБА ВО ФК „ПОБЕДА“

Советничката група на СДСМ и Коалицијата во Советот на Општина Прилеп бара вонредна седница на Советот, иницирана од последните случувања со ФК Победа. Во информацијата до прилепската јавност за потребата од вонредна седница на Советот се вели:

Директорите на болниците веќе немаaт дискреционо право да одлучуваат при вработувања  

Во рамките на 84. седница Собранието го донесе Законот за дополнување на Законот за здравствена заштита со 70 гласа „за“ и ниту еден „против“ или „воздржан“ . Главна новина со дополнувањето на Законот, што се носеше по скратена постапка, е што со него се укинува дискреционото право на директорите на...

СВР Битола: За трговија со дрога од Прилеп и Битола лишени над 320 лица

Во текот на 2025 година, од криминалистичката полицијата на СВР Битола, во рамки на борбата со недозволената трговија со дрога на подрачјето на општините Битола и Прилеп, лишени биле вкупно 324 лица инволвирани во трговија на дрога и психотропни супстанци. Притоа, поднесени се вкупно 78 кривични пријави по членовите 215 и 216 од Кривичниот законик за сторени...