Промена на режимот на сообраќај во централното градско подрачје на Кочани согласно сообраќајна документација

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Наскоро ќе се промени режимот на сообраќај на двете главни улици во централното градско подрачје во Кочани, согласно изработена сообраќајна документација.

Сообраќајот на потегот од кружниот тек кај Полициската станица во Кочани, со дел од ул. „Тодосија Паунов“ и ул. „Кеј на Револуцијата“ ќе се одвива еднонасочно, во правец југ-север до мостот кај Градскиот плоштад.

Еднонасочна ќе биде ул. „Маршал Тито“, на потегот од мостот кај Градскиот плоштад кон кружниот тек кај Двојниот мост на ул. „Никола Карев“.

Промената на режимот на овие улици е резултат на констатираните проблеми на стационарниот сообраќај односно недостатокот на места за паркирање на возила во централно градско подрачје.

Предлог-сообраќајниот режим беше разгледуван и надополнуван на неколку јавни расправи со претставници на локални институции и претпријатија, транспортни и такси-компании, стручни лица, граѓански организации, претставници од ПО за БПС Кочани и ОСБСП, ТППЕ и ДПД, Итната медицинска помош,  урбани и месни заедници, советници, поединци и групи граѓани.

Избран економски оператор изготви и достави основен сообраќаен проект и стручна ревизија, по што СВР – Штип даде согласност, а Општина Кочани издаде решение за утврдување на режим на сообраќај за динамичен и стационарен сообраќај во централно градско подрачје во Кочани.

Општина Кочани и Подрачното одделение за безбедност во сообраќајот на патиштата – Кочани заеднички работеа на решенијата за надминување на актуелните проблеми во сообраќајот во централното градско подрачје, а промената ќе се реализира наскоро во координација со ПО за БПС Кочани.

 

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Да не помагаа од обезбедувањето, ќе имаше и повеќе жртви, сведочи девојка што го сними почетокот на пожарот во „Пулс“

На денешното рочиште за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани сведочеше 21-годишната Мартина Ристовска, која била во објектот кога избувнал пожарот. Таа случајно го снимила почетокот на пожарот на видео за Инстаграм, но, како што рече, тоа го забележала дури следниот ден кога го прегледала видеото. Според нејзиниот исказ, на бината имало три прскалки, а

Мицкоски за „Кочани 2030“: Ветеното ќе се реализира – најави присуство на дел од настаните по повод одбележувањето на годишнината од „Пулс“

Премиерот Христијан Мицкоски при денешната посета на Штип, на новинарско прашање од Канал 77, за тоа дали има новитети околу проектот „Кочани 2030“ и ветените 100 милиони евра за обнова на градот кој ја претрпе ужасната трагедија во Пулс, посочи дека веќе се размислува за отпочнување на три проекти: „Апсолутно дека има веќе придвижување, ние

Уапсен насилник од Виница…

– На 04.03.2026 во 00:30 часот во виничко село, полициски службеници од ОВР Виница го лишија од слобода Б.Т.(59) од Виница, постапувајќи по претходна пријава дека околу 17:00 часот на 03.03.2026 агресивно се однесувал и заканувал на неговата 65-годишна партнерка во нејзниот дом во селото. Запознаен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот