Проект од Еразмус + за морални норми за однесување на децата од предшколската возраст

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Во рамките на Финалната Проектна Конференција се одржа Дисеминационен настан во Кочани во рамките на проектот ,,Едукативен пристап за запознавање со основните законските регулативи и морални норми на однесување за децата од претшколска возраст” – Акроним Децата и Законите организиран од страна на  ЗР АВЕНА Кочани и  ЈОУДГ Павлина Велјанова Кочани.

 Проектот е финансиран од Еразмус плус програмата во период од 01.11.2023 до 31.10.2025година.

Здружение на Роми АВЕНА Кочани и ЈОУДГ Павлина Велјанова Кочани од Кочани се проектни партнери  од Република Северна Македонија, а во проектот како партнери учествуваат невладини организации ЦСЕГ од Бугарија и АФЦС од Грција и  детска градинка Еделваис  од  Велинград, Бугарија, и детска градинка То Тренаки од Атина, Грција.

На Дисеминационит настан присуствуваа претставници од образовните институции во Кочани, претставници од општината, претставници од невладините организации  како и претставници од општина Илиноуполис од Грција и претставници од детски градинки од Пазарџик , Бугарија.

Уводен говор на настанот имаше претставник од општина Кочани  Г-ѓа Голубина  Георгиева и директорката на ЈОУДГ Павлина Велјанова , Г-ѓа Елизабета Накова.

На настанот беа презентирани активностите кои беа реализирани во текот на проектот.

Во рамките на проектот Децата и Законите се одржаа две обуки за наставници од детски градинки ,првата во Атина, Грција и  втората во Велинград, Бугарија.

Од страна на експертот од  НВО ЦСЕГ беше презентиран првиот интелектуален резултат ,додека  експертот од ЗР АВЕНА Кочани  го презентираше вротиот интелектуален резултат, двата креирани во рамките на проектот:

Интелектуален Резултат 1 – Прирачник за наставници од претшколска возраст – Едукативен пристап заснован на развој и имплементирање на ” студии на случаи” насочен кон важноста од знаење и почитување на правните регулативи и морални норми во редовното образование

 

Интелектуален Резултат 2 – Документ за воспоставување на транснационално стратешко партнерсто за развој на предшколскиот образовен процес во Атина, Кочани и Велинград со употреба на иновативни методи и најдобри практики

Како дел од настанот тим на деца од детската градинка ни претставија што научија преку претставите во кои учествуваа.

Како дел од Финалната Проектна Конференција, претставниците од различни институции од Грција и Бугарија, заедно со претставниците од општина Кочани и претставници од други училишта и невладини организации ќе се одржи состанок на кој се разгледуваат досегашните постигнати резултати во рамките на проектот, кои најдобри практики да се усвојат и за кои следни чекори да се превземат понатаму.

На овој Дисеминационен настан како дел од Финалната Проектна Конференција  заедно со презентираните успешно реализирани активности и резултати  му претходат  Завршните настани кои се одржаа во Велинград, Бугарија и Атина, Грција и со кој ќе се одбележи успешната реализација на овој Еразмус плус проект.

 

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Да не помагаа од обезбедувањето, ќе имаше и повеќе жртви, сведочи девојка што го сними почетокот на пожарот во „Пулс“

На денешното рочиште за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани сведочеше 21-годишната Мартина Ристовска, која била во објектот кога избувнал пожарот. Таа случајно го снимила почетокот на пожарот на видео за Инстаграм, но, како што рече, тоа го забележала дури следниот ден кога го прегледала видеото. Според нејзиниот исказ, на бината имало три прскалки, а

Мицкоски за „Кочани 2030“: Ветеното ќе се реализира – најави присуство на дел од настаните по повод одбележувањето на годишнината од „Пулс“

Премиерот Христијан Мицкоски при денешната посета на Штип, на новинарско прашање од Канал 77, за тоа дали има новитети околу проектот „Кочани 2030“ и ветените 100 милиони евра за обнова на градот кој ја претрпе ужасната трагедија во Пулс, посочи дека веќе се размислува за отпочнување на три проекти: „Апсолутно дека има веќе придвижување, ние