Проданоски вети дека ќе биде достоинствен и чесен градоначалник кој што ќе работи за секој граѓанин

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Кандидатот за градоначалник на Прилеп, Дејан Проданоски, од редовите на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата Твоја Македонија, денеска на почетокот на кампањата истакна дека овие избори не се само политички натпревар, туку избор за подобро секојдневие на граѓаните. Поставени се 10 приоритетни цели кои се важни за граѓаните на општина Прилеп, посочи Проданоски:

„Ми претставува особена чест и задоволство да ја започнеме кампањата од ова култно место за Прилеп, плоштадот Методија Андонов Ченто, кој што е лик кој што претставува почеток на оваа држава, така еве и симболично ја почнуваме секоја кампања од ова место.

Ова нема да бидат избори само за битка кој би ги победил, ова ќе бидат избори кој што ќе значат секојдневие за секој еден прилепчанец. Ова ќе бидат избори кои што ќе донесат подобри улици, подобри училишта, подобри здравствени установи, подобар живот за сите прилепчани. Овие се избори кои што ќе ги започнеме со чувство на сигурност, сигурност дека ќе имаме одличен тим, сигурност дека ќе имаме уште подобра програма и сигурност дека ќе ја добиеме најсилната поддршка од Владата на Република Македонија предводена од претседателот Христијан Мицкоски.

Особено ми е чест што денес на овој почеток на кампањата го имаме за наш гостин вицепремиерот и министерот за транспорт и врски кој што не е случајно тука. Инфраструктурата е еден од нашите основни приоритети кои што ги имаме во Прилеп. Клучно е она што ќе го прави Владата автопатот Прилеп-Битола, завршување на експресниот автопат кон Скопје, но тоа е само еден чекор – ние ветуваме програма со која прилепчани ќе добијат подобар живот. Стојам овде пред вас и давам збор дека ќе имате градоначалник кој што е достоинствен, чесен, кој што работи и слуша за секој еден граѓанин. Јас сум вашиот човек. Јас сум човек од Прилеп и човек за Прилеп.

Барам од вас поддршка заедно да ја започнеме оваа кампања и да ја изводиме напред, затоа што вистинскиот избор е овај и тоа е патот за иднината на нашите деца, посочи Проданоски.

Одговарајќи на новинарско прашање за  новата програма, тој рече дека програмата ќе биде објавена на посебна веб страна:

Новата програма која што ќе го промовира кандидатот за градоначалник и советничката листа ќе биде поставена во дигитална форма, а ќе се потрудиме да ја дистрибуираме, односно да го посетиме секое едно семејство и да ја претставиме програмата која што ја имаме.

Имаме топ 10 проекти кои што се однесуваат и беа собрани од нашите сограѓани и од нашето стопанство и најчесто се тие проекти за инфраструктура. Ветуваме изградба на обиколници околу градот кои што ќе го намалат загадувањето на градот, ќе го намалат оптоварувањето на градските улици. Ветуваме „паметен град“ ветуваме град кој што ќе биде безбеден и тие се основните пунктови на кои што ќе се држиме во наредниот четиригодишен период. И ветуваме она што е клучно и тоа и ќе го правиме заедно со поддршка на граѓаните да имаме еден модерен, зелен и супер развиен  град каков што и заслужуваме, рече Дејан Проданоски, кандидат за градоначалник на општина Прилеп од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата Твоја Македонија.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Вечерва промоција на изборната програма на СДСМ во Цепенков

Денеска, 30-ти септември, во фоајето на ЦК „Марко Цепенков“ кандидатката за градоначалник на СДСМ и Коалицијата за Прилеп Петра Лукароска, ќе се одржи презентација на својата изборната програма. На презентацијата ќе биде промовирани и членовите на  на кандидатската листа за советници. Почетокот на презентацијата е во 19.00 часот,информираа од ОО...

Проданоски најави мерки за социјална сигурност на пензионерите во Прилеп

Кандидатот за градоначалник на општина Прилеп од Коалицијата ТВОЈА МАКЕДОНИЈА предводена од ВМРО ДПМНЕ, Дејан Проданоски, денеска оствари средба со пензионерите од градот, со кои разговараше за нивните потреби и предизвици. Тој истакна дека пензионерите се значаен дел од општеството и заслужуваат поголемо внимание и почит. Здружението на пензионери во...

(ВИДЕО) Проданоски најави два големи проекти за трансформација на сообраќајот во Прилеп

Ќе го решиме проблемот со сообраќајниот хаос во центарот на Прилеп, обиколниците ,,Исток“ и ,,Запад“ се огромни капитални проекти, изјави Дејан Проданоски, кандидат за градоначалник на Општина Прилеп од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. „Нашата програма не е само лист хартија и празно ветување. Тоа се реални проекти за подобар живот на...