Кандидатот за градоначалник на општина Прилеп од Коалицијата ТВОЈА МАКЕДОНИЈА предводена од ВМРО ДПМНЕ, Дејан Проданоски, денеска оствари средба со пензионерите од градот, со кои разговараше за нивните потреби и предизвици. Тој истакна дека пензионерите се значаен дел од општеството и заслужуваат поголемо внимание и почит.
Здружението на пензионери во Прилеп брои над 12.000 членови и е едно од најголемите во Македонија. Проданоски нагласи дека дел од барањата на пензионерите веќе се предвидени во изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ, а наскоро ќе следат и конкретни решенија.
„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ веќе обезбеди 5.000 денари линеарно зголемување на пензиите во првата година. Ќе следат и нови мерки за поголема социјална сигурност и подобри услуги за пензионерите“, рече Проданоски .