Прочка симболот на простување и ритуал на АМКАЊЕ јајце во Прилеп

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Прочка е симбол на преминот од зима во пролет, и таа е поврзана со простувањето. Помладите од постарите бараат простување ако згрешиле нешто во текот на годината, хиерархиски подредените бараат прошка од тие што се хиерархиски повисоко на социјалното скалило.

Така, вечерва помладие ќе побараат прошка од постарите со зборовите  „Прости ми ако нешто сум ти згрешил“ и другиот одговор, „Простено ти е и од мене и од Бога“.

Оживеана фотографија од Архивата на Фото „Зрак“

„Покај простувањето на овој ден е важна и самата обредна вечера. На неа не смее да има печено месо или било какво месни производи. На неа може само да има  млечни производи, сирење и јајца, бидејќи тоа е последната Покладна вечер пред утрешниот голем Велигденски пост. На вечерата обично има пита или баница, погачи, а од слатки работи се принесува се што е со шербет, баклава, кадаиф, раванија. Утредента започнуваат постите. На таа вечера целото семејство е на таа трпеза . По вечерата, овде, ние во Прилеп, имаме и еден интересен ,зачуван обича кој негуваме со вековиј,  особено интересен за помалите деца – амкањето со варено јајце.„ велат од здружението Преродба кој овој обред често го изведуваат во јавност на празникот Прочка за не се заборави и да се задржи традицијата негувана со векови.

Варено јајце се врзува на конец, закачено за гредата на куќата или за сукало и  најстариот член во семјството го принесува вареното јајце до устите на сите членови од семејството. Секој член се обидуваат без раце, само со устата и забите, да го зграпчат вареното јајце.

Тој што ќе го зграпчи вареното јајце со заби, без да го дорпи со раце, тој ќе биде среќникот во претстојната година, бидејќи по архаичниот календар со почетокот на пролетта започнува и почетокот на новото лето односно новата година.

„Потоа и конецот им улога:  се пали за да видат во семејстото каква ќе биде иднината на семејството таа година: ако конецот горел силно, тоа значело дека годината ќе им биде здрава и среќна.„ вела од здружението кое ја негува трдицијата  “Преродба„-Прилеп

Сите ритуали  за Прочка се со цел да се изврши прочистување на духот, да се остават лошите работи зад семјество и во новата година,  да се влезе ослободени од сите проблеми и духовни тешкотии.

Прочка останува симбол на преминот од зима во пролет. Припаѓа на архаичната обредност кога е смената на годишниот циклус.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Отворен ден на прилепските средни училишта

Мај е месецот на уписи во образовниот систем, претставување на можностите на средните училишта, на профилите кои што се нудат за идните средношколци. Утре, четврток 14 ти мај, во четирите средношколски центри во Прилеп СОУ „Орде Чопела“, СОУ „Ѓорче Петров“, СОУ „Ристе Ристески Ричко“ и Гимназијата Мирче Ацев ќе се...

Прилепскиот театар подготвува нова претстава „Девојките на Марко“ во режија на Синиша Ефтимов

Во театарот „Војдан Чернодрински“ во полн ек се пробите за новата претстава „Девојките на Марко“  според Боинг Боинг од  Марк Камолети, во режија на Синиша Ефтимов, во која ќе игра поголемиот дел од ансамблот на театарот. Премиерата ќе биде на крајот на мај. Ова ќе биде втора премиера на претстава...

(ВИДЕО) Убава традиција – прилепските матуранти запеаа и заиграа во центарот на Прилеп

Убаво е кога се задржува традицијата, матурантската, барем за генерациите прилепски матуранти кои знаат како да го одбележат крајот на еден дел од нивниот живот и почетокот на за нив една нова страница во животот, и тоа во центарот на градот. И годинава успеавме да ја регистрираме таа атмосфера, исполнета...