Прилепскиот театар ја подготвува претставата „Саатот“

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Во театарот „Војдан Чернодрински“ се подготвува претставата „Саатот“ од Лидија Митоска Ѓорѓиевска, во режија на Кристина Димитрова. Костимографија и сценографија: Благој Мицевски. Музика: Филип Јездиќ и Томе Темелкоски. Во претставата ќе настапуваат: Димитар Ѓеорѓиевски, Наташа Ачански и Филип Јездиќ.

„Саатот“ е интимна трагикомедија со апсурдни и постмодерни драматуршки елементи. Двајца актери на сцена ќе ги играат лицата на Вера и Јован, плус уште еден актер/музичар ќе го игра персонифицираниот ѕиден часовник. Улогата на часовникот ќе биде да покаже повеќе аспекти од животот на новото време.

Што е време? Времето е она што часовниците го мерат, рекол еднаш Ајнштајн. Информациите за времето го кажуваат времетраењето на настаните, и кога тие се случуваат, или кои настани се случуваат пред кои други. Времето игра многу значајна улога во структурата на универзумот, вклучувајќи ја и структурата на нашиот личен живот. Сепак, има многу нерешени прашања, и филозофски и научни. Ќе пробаме да навлеземе во таа суштина на времето, преку ритамот на СААТОТ. Дали времето е музиката на животот? Јован е маж на Вера. Како што го опишува писателката Митоска, тој е ведар, опуштен и исполнет човек кој наоѓа задоволство во малите нешта. Вера, од друга страна, ниту може да дејствува и да ја промени својата состојба во општеството што се распаѓа, ниту може да се помири и да најде спокојство во својот мирен, „нормален“ живот. Распаѓањето на општеството го симболизира распаѓањето на животот… Сопругот и сопругата имаат различно психолошко време во себе и во нив се наоѓа различен часовник кој што свири различна музика.  Иако Вера живее со партнерот во разбирање и љубов. Но, таа се случува дека ништо не се менува, а кога нема промени, времето не е гледа и чувствува. Вера се чувствува заглавена во секојдневните рутини, секој ден и е ист и гледа како животот и минува без вистински да го живее. Постојано го убедува да заминат и да почнат нов живот, но за Јован тоа е неприфатливо. Саатот го следи секој нејзин чекор и буквално и ги брои секундите, поточно, и ги одбројува. Тој часовник чука во неа. Вера и Јован живеат во различно време, во различно темпо. Нивните души не можат да се пронајдат во нивното субјективно гледање на животот. Оваа пиеса обработува бројни социјални и филозофски теми низ лесен дијалог и едноставно дејство. Започнува во јавето, а завршува некаде меѓу јавето и сонот. Репликите се кратки и напишани на едноставен, разговорен јазик. Ќе се почувствува осаменоста, времето, двете души во времето и ќе пробаме да го слушнеме нивниот ритам.  Секако и темата распад на душата и распад на општеството ќе игра клучна улога во концептот и идејата на самата претстава – вели режисерот Критина Димитрова.

Претставата е дел од програмата за работа во 2026 година на театарот „Војдан Чернодрински“ поддржана од Министерството за култура и туризам. Премиерата е на почетокот на април.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Учениците од „Р.Р Ричко“ – Прилеп ќе ја претставуваат Македонија на Европскиот футсал натпревар за ученици до 18 години

Државниот првак во футсал, екипата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко” од Прилеп,  ќе ја преставуваат Македонија на Европско првенство за футсал на средни училишта во Бања Лука. Екипата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко” од Прилеп, веќе пристигна во Бања Лука, каде од денеска,(11 – ти мај)  па сè...

Дизелот поевтинува за 4 денари, а бензинот 98 ка, за половина денар

Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), цената на дизелот се намалува за четири денари, а за половина денар поевтино ќе се продава бензинот БС-98 Моторен бензин          ЕУРОСУПЕР БС – 95                     85,00  (денари/литар) Моторен бензин          ЕУРОСУПЕР БС – 98                     86,50  (денари/литар) Дизел гориво               ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)          ...

(ВИДЕО) Штетата е двојна-резултат нема, повторно се чистат дивите депонии во општина Прилеп

Екипите на Јавното комунално претпријатие Комуналец , спроведоа активности за чистење на диви депонии низ градот со цел да се подобри хигиената и да се заштити животната  средина.„Денеска екипите чистеа на потегот од градот кон вештачкото езеро, а оваа локација во изминатиот период е чистена повеќе пати “, вели директорот...