Прилепскиот театар ја подготвува претставата „Саатот“

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Во театарот „Војдан Чернодрински“ се подготвува претставата „Саатот“ од Лидија Митоска Ѓорѓиевска, во режија на Кристина Димитрова. Костимографија и сценографија: Благој Мицевски. Музика: Филип Јездиќ и Томе Темелкоски. Во претставата ќе настапуваат: Димитар Ѓеорѓиевски, Наташа Ачански и Филип Јездиќ.

„Саатот“ е интимна трагикомедија со апсурдни и постмодерни драматуршки елементи. Двајца актери на сцена ќе ги играат лицата на Вера и Јован, плус уште еден актер/музичар ќе го игра персонифицираниот ѕиден часовник. Улогата на часовникот ќе биде да покаже повеќе аспекти од животот на новото време.

Што е време? Времето е она што часовниците го мерат, рекол еднаш Ајнштајн. Информациите за времето го кажуваат времетраењето на настаните, и кога тие се случуваат, или кои настани се случуваат пред кои други. Времето игра многу значајна улога во структурата на универзумот, вклучувајќи ја и структурата на нашиот личен живот. Сепак, има многу нерешени прашања, и филозофски и научни. Ќе пробаме да навлеземе во таа суштина на времето, преку ритамот на СААТОТ. Дали времето е музиката на животот? Јован е маж на Вера. Како што го опишува писателката Митоска, тој е ведар, опуштен и исполнет човек кој наоѓа задоволство во малите нешта. Вера, од друга страна, ниту може да дејствува и да ја промени својата состојба во општеството што се распаѓа, ниту може да се помири и да најде спокојство во својот мирен, „нормален“ живот. Распаѓањето на општеството го симболизира распаѓањето на животот… Сопругот и сопругата имаат различно психолошко време во себе и во нив се наоѓа различен часовник кој што свири различна музика.  Иако Вера живее со партнерот во разбирање и љубов. Но, таа се случува дека ништо не се менува, а кога нема промени, времето не е гледа и чувствува. Вера се чувствува заглавена во секојдневните рутини, секој ден и е ист и гледа како животот и минува без вистински да го живее. Постојано го убедува да заминат и да почнат нов живот, но за Јован тоа е неприфатливо. Саатот го следи секој нејзин чекор и буквално и ги брои секундите, поточно, и ги одбројува. Тој часовник чука во неа. Вера и Јован живеат во различно време, во различно темпо. Нивните души не можат да се пронајдат во нивното субјективно гледање на животот. Оваа пиеса обработува бројни социјални и филозофски теми низ лесен дијалог и едноставно дејство. Започнува во јавето, а завршува некаде меѓу јавето и сонот. Репликите се кратки и напишани на едноставен, разговорен јазик. Ќе се почувствува осаменоста, времето, двете души во времето и ќе пробаме да го слушнеме нивниот ритам.  Секако и темата распад на душата и распад на општеството ќе игра клучна улога во концептот и идејата на самата претстава – вели режисерот Критина Димитрова.

Претставата е дел од програмата за работа во 2026 година на театарот „Војдан Чернодрински“ поддржана од Министерството за култура и туризам. Премиерата е на почетокот на април.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Не’ очекува ли ценовен шок со растот на цената на нафтата?!

Растот на цените на енергенсите на светските пазари повторно го отвора прашањето за нивното влијание врз инфлацијата во Македонија. Економистите предупредуваат дека инфлацијата предизвикана од енергенси е особено чувствителна, бидејќи ги погодува речиси сите сектори од економијата, транспортот, индустријата ,земјоделството, каде што горивото и енергијата се важен дел од производствените...

Прилеп: Јавна расправа по Студија за оцена на влијание врз животната средина за изградба на Коридор 10 Д , делница на Автопат: Прилеп –...

Во Градската библиотека Борка Талески денеска се одржа Јавна расправа иницирана од Министерството за животна средина  и просторно планирање, на која беше презентирана изготвената Студија за оцена на влијание врз животната средина за  Проектот:  “Изградба на Коридор 10 Д , делница на Автопат: Прилеп – Битола“. На јавната расправа учествуваа...

(Видео) Информативна средба во Прилеп за примена на Законот за работно ангажирање на лица

Во Општина Прилеп денеска се одржи информативна средба насловена „Фер ангажман“, посветена на примената на Законот за работно ангажирање на лица. Целта на средбата беше јасно и практично информирање на работниците и стопанствениците за можностите и придобивките што ги нуди Законот. На средбата  на која присуствуваат претставници на угостителскиот сектор,...