Не’ очекува ли ценовен шок со растот на цената на нафтата?!

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Растот на цените на енергенсите на светските пазари повторно го отвора прашањето за нивното влијание врз инфлацијата во Македонија. Економистите предупредуваат дека инфлацијата предизвикана од енергенси е особено чувствителна, бидејќи ги погодува речиси сите сектори од економијата, транспортот, индустријата ,земјоделството, каде што горивото и енергијата се важен дел од производствените трошоци.

На новинарско прашање „Дали со покачувањето на цента на нафтата ќе се  покачат и цените на производите ?„ аманик министерот за економија, Марјан Ристески на средба во Прилеп  рече:

Регулаторната комисија ја прати цената на нафтата на светските брзи.  Предходната недела беше около 80 долари барел, сега гледам се нормализира во текот нови ден. Повторно, некаде около 80-90 долари по барел, така дека како што оди светската цена, така и регулаторната комисија ги регулира цените на нафтата и нафтените деривати.“ рече   и додаде дека Владата има мерки за спречување на инфлацијата:

“Имаме мерки и целта ни е да ја задржиме инфлацијата од 2,5% до 3% во текот на оваа година.Во договор со Премиерот и Владата че се оствари средба со преставници од сите големи маркетниг синџири,оние кои најмногу уччествуваат  во формирањето на цените на основните артикли за живот во Македонија, со цел да не прават нефер трговија во вакви услови да печалат врз грбот на граѓаните,та имаа фер однос и да не создаваме вештачка инфлација„ рече Ристески

„Имаме мерки, меѓу тоа ќе реагираме конкретно. Дали тоа ќе бидат мерки во доменот на ограничување и намалување на акцизите, донациите или други мерки во заштита на животниот стандарт на граѓаните ,тоа ќе го кажаме во наредниот период, доколку има потреба, рече тој.

Гледам дека се направи некоја фама околу снабдувањето со нафта пред се на греѓаните и на фирмите. Но, мислам дека е од оправдани и од не оправдани причини, ваквата фама бидејќи цената на нафтата во Р. Македонија е најниска во однос на цените на Балканот и често имаше случаи во пограничните места да доаѓаат од другите држави и да полнат нафта во Р. Македонија. Државниот пазарен инспекторат е цело време на терен. До сега има направено преку 250 надзори на бензински пумпи со цел да се контролира ситуацијата, а истото кога прави и регулаторната комисија. Во однос на светската бирза на цената  на нафта, ке реагира и таа со цената на нафтата во државата. “, посочи замник министерот за економија и труд, Марјан Ристески на денешната средба во Прилеп.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Отворен ден на прилепските средни училишта

Мај е месецот на уписи во образовниот систем, претставување на можностите на средните училишта, на профилите кои што се нудат за идните средношколци. Утре, четврток 14 ти мај, во четирите средношколски центри во Прилеп СОУ „Орде Чопела“, СОУ „Ѓорче Петров“, СОУ „Ристе Ристески Ричко“ и Гимназијата Мирче Ацев ќе се...

Прилепскиот театар подготвува нова претстава „Девојките на Марко“ во режија на Синиша Ефтимов

Во театарот „Војдан Чернодрински“ во полн ек се пробите за новата претстава „Девојките на Марко“  според Боинг Боинг од  Марк Камолети, во режија на Синиша Ефтимов, во која ќе игра поголемиот дел од ансамблот на театарот. Премиерата ќе биде на крајот на мај. Ова ќе биде втора премиера на претстава...

(ВИДЕО) Убава традиција – прилепските матуранти запеаа и заиграа во центарот на Прилеп

Убаво е кога се задржува традицијата, матурантската, барем за генерациите прилепски матуранти кои знаат како да го одбележат крајот на еден дел од нивниот живот и почетокот на за нив една нова страница во животот, и тоа во центарот на градот. И годинава успеавме да ја регистрираме таа атмосфера, исполнета...