Прилепската компанија Комфи Ангел со благодарност за секој вложен час испрати во пензија двајца свои колеги

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Пензионирањето е ново поглавје во животот на човекот.Тоа е периодот кога завршува работникот век, но почнува нова можност, за нов начин на обликување на животот. А, лојалните работници, оние кои остануваат до крајот на својот работен век во компанијата, преставуваат двигател на успешноста на компанјата. Тие се оние вредни и етички корекни луѓе, кои создаваат можност за подобрување на работата, им помагаат на колегите и помагаат во успехот на компанијата. Но, и создаваат можност да се вработат нови генерации.

Секој работодавач и претприемач посакува да има вредни и лојални работници во неговиот тим. А, такви работници веќе 20  години “гради“ компанијата Комфи Ангел, па , работниците  оттаму не заминуваат – туку одат среќни во новото поглавје од нивниот живот – пензионирањето.

Денеска, текстилната компанија Комфи Англед се збогува со  уште двајца свои работици Ордан Николоски и Зоран Мазгалоски кои со години беа столб на Comfy Angel

„Денес со особена чест и емоции испраќаме во заслужена пензија дел од нашите драги колеги Ордан Николоски и Зоран Мазгалоски кои со години беа столб на Comfy Angel. Вашата посветеност, труд, одговорност и лојалност оставија неизбришлива трага во нашата компанија. Вие не бевте само вработени – бевте пример, поддршка и инспирација за сите нас. Со својата работа помогнавте Comfy Angel да расте, да се развива и да стане симбол за квалитет и доверба. Зад вас остануваат години исполнети со предизвици, успеси, тимска работа и безброј споделени моменти. Ви благодариме за секој вложен час, за секоја идеја и за секоја насмевка што ја донесовте во нашето секојдневие. Пензионирањето не е крај, туку почеток на едно ново, заслужено и мирно поглавје. Ви посакуваме здравје, радост, исполнети денови со семејството и време за сите оние работи што досега можеби ги стававте на пауза. Вратите на Comfy Angel секогаш ќе ви бидат отворени – затоа што еднаш дел од семејството, засекогаш дел од семејството“ истакна менаџерскиот тим на компанијата изразувајќи благодарност до своите новопензионирани колеги.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Метео Аларм: Утре во Пелагонија силен ветар со брзина од над 60км/ч

Утре ќе дува засилен ветер од северозападен правец, особено во источните делови и во Пелагонија (над 60км/ч), предупредуваат од Регионалниот Центарот за управување со кризи – Прилеп Во четврток, утрото ќе биде ведро и студено, насекаде со негативни минимални температури. Во текот на ноќта кон петок и во петок ќе...

(ВИДЕО)Прилеп: Македонските земјоделци бараат ревидирање на Програмата за субвенционирање

Во Прилеп земјоделци, сточари, тутунари, пчелари, лозари, поледелци од цела Македонија денеска дискутираа за финансиската државна поддршка – субвенционирањето за македонскиот аграр, што значи доцнењето во исплатата на субвенциите од претходните години и предлози за моделот на финансиска поддршка за тековната година. Имаат забелешки за висината на субвенции, како и...

(ВИДЕО)„Ретки херои посилни од стакло“ најмладите го одбележуваат месецот на ретки болести

Со низа активности, игра и работилници прилагодени според возраста на најмладите и учениците основци, децата учат за ретките болести. Во фокусот на соработката на ЈОУДГ„Наша Иднина“ и  ООУ„Блаже Конески“  Прилеп денес во градинката „Бајка“ во населбата Точила се реализираше перформанс на тема на ретката болест Епидермолиза булоза. Четвртооделенците рецитираа, играа...