Прилеп во чест на двајцата великани Гоце Делчев и Пере Тошев

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Со положување на свежо цвеќе на спомен обележјата на Гоце Делчев во прилепското основно училиште кое го носи името на револуционерот, и на споменикот на Пере Тошев во центарот на Прилеп, како и на Могилата на непобедените, како симбол на непокорот на прилепчани, денеска беше одбележувана 123 годинишнината од смртта на Гоце Делчев и 114 годинишнината од погибието на Пере Тошев. Двајцата великани кои не само што го положија својот живот за слободна Македонија, туку оставија и траен завет за идните генерации: дека љубовта кон татковината и стремежот кон слобода се највисоките човечки идеали. На денешното одбележување со достојна почит и полагање свежо цвеќе присуствуваа претставници од основните и средни училишта, од Советот на општина Прилеп, од Општинската организација на Сојуз на борци од НОАВМ 1941-1945 и граѓаните продолжувачи – Прилеп, претставници од политичките партии и граѓани. Градоначалникот Дејан Проданоски во обраќањето по тој повод меѓу другото посочи:

„Денеска оддаваме почит на двајца македонски великани, Гоце Делчев и Пере Тошев, чие дело и жртва засекогаш се вградени во темелите на македонската државност! На 4 мај 1903 година загина Гоце Делчев, симбол на револуционерната мисла и борба за слобода, човек со визија кој веруваше дека светот треба да го разбираме како поле за културен натпревар меѓу народите. Токму затоа, денеска со право се прашуваме: како ние, како современо општество, ја разбираме неговата порака? Одговорот започнува од секој од нас. Сите, почнувајќи од себе, треба да размислуваме како овој свет да го направиме подобро место за живеење. Со сè што правиме, треба да покажеме дека заеднички можеме да изградиме поубав, посовремен и поорганизиран Прилеп, општина која ќе биде вистински дом за нас и за генерациите што доаѓаат. На овој ден се сеќаваме и на нашиот прилепчанец Пере Тошев, кој загина на 4 мај 1912 година. Како еден од апостолите на македонската револуционерна борба и учесник во креирањето на уставот на Внатрешната македонска револуционерна организација, тој претставува гордост за Прилеп и пример за пожртвуваност и визија. Должни сме достоинствено да ја изразуваме почитта кон овие двајца великани, кои на свој начин ги поставија основите врз кои денес ја градиме современата македонска држава. Нека е честит патрониот празник на ООУ „Гоце Делчев“. Да продолжиме со вакви дела, да оддаваме почит и да се потсетуваме дека историјата е нашиот најдобар учител, а нивната борба, наша трајна инспирација за подобро утре,“ рече градоначалникот Проданоски.

Вечерва во ЦК Марко Цепенков ООУ Гоце Делчев ќе го одбележи својот патрон празник со пригодна програма.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Дел од улицата „Кузман Јосифоски“ и паркингот кај Цепенков затворена за сообраќај-се реконструира водоводната мрежа

Од денеска дел од улицата Кузман Јосифоски во непосредна близина на ЦК Марко Цепенков е со изменет режим на сообраќајот заради градежни работи, при што нефункционален е и јавниот паркинг. Во тек се активностите за промена на водоводна мрежа на дел од улицата од кружниот тек кај Цепенков. Станува збор...

Кривогаштани се приклучува кон еко акцијата ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД

Општина Кривогаштани и оваа година активно се приклучува на националната еко акција GENERALKA WEEKEND, Генералка Викенд , која ќе се одржи на 8 мај (петок) Почеток на еко акцијата е во 10:00 часот, а целта е грижата за чиста и здрава животна средина какоа обврска на секој жител. Ваквите иницијативи...

Распоред на планирани прекини на електрична енергија за 6, 7 и 8 ми мај во општина Прилеп

– ПЛАНИРАНИ ПРЕКИНИ на ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА на 06.05.2026год. (Среда) од 09.00 ч. до 13.00 часот во следните населени места во Општина Прилеп : с. Ношпал, с. Добрушево, с. Ивањевци, с. Вашарејца, с. Подино, с. Свети Тодори, с. Трновци, с. Тополчани, с. Чепигово, с. Тројкрсти, с. Загорани, с. Весeлчани и Репетитор...