Кривогаштани се приклучува кон еко акцијата ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Општина Кривогаштани и оваа година активно се приклучува на националната еко акција GENERALKA WEEKEND, Генералка Викенд , која ќе се одржи на 8 мај (петок) Почеток на еко акцијата е во 10:00 часот, а целта е грижата за чиста и здрава животна средина какоа обврска на секој жител.

Ваквите иницијативи се одлична можност да ја зајакнеме солидарноста и одговорноста во заедницата велат од општина 

„ Активностите за чистење ќе се реализираат на повеќе локации: – во Кривогаштани: од старото реновирано училиште кон повеќенаменското игралиште, околу фудбалскиот стадион, паркот и паркинг просторот – долж патниот правец Кривогаштани – Крушево – Околу сите подрачни училишта на територијата на Општина Кривогаштани, Општина Кривогаштани останува цврсто посветена на заштита на природата и развивање на еко-култура кај граѓаните. Ве повикувам да покажеме дека можеме да создадеме позитивна промена во нашето место на живеење.“ информираат од Општина Кривогаштани

Овогодинешниот ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД ќе се одржи помеѓу 8 и 10 мај 2026 година во сите општини во Македонија. Заедно партнери од ПакомакНула ОтпадПивара СкопјеЕВНМакстилЗаубермахерИУТЕКАЗ ГрупЗелс и Црвен крст. Генералка Викенд се  организираа како пролетна акција за чистење , секој мај, во период од десет години: од 2021 до 2031 година (од 30-ти до 40-тиот роденден на нашата земја) со цел да се исчисти земјата од отпадот од минатото и да се рециклира во зелена за генерациите што доаѓаат.

Поддржано од Министерството за образование, Министерството за животна средина и Министерството за земјоделство.

Како податок , од 2021 година, повеќе од 100.000 волонтери од 81 општина собраа повеќе од 1.500.000 килограми отпад за време на ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД. Од 2022 година засадени се повеќе од 136.000 дрвја во 29 општини заедно со јавни и приватни донатори!

Сите овие плантажи се нарекуваат „СОНЧЕВА ГОРА“ и до 2031 година ќе има СОНЧЕВА ГОРА во секоја општина во нашата земја, велат организаторите .

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Отворен ден на прилепските средни училишта

Мај е месецот на уписи во образовниот систем, претставување на можностите на средните училишта, на профилите кои што се нудат за идните средношколци. Утре, четврток 14 ти мај, во четирите средношколски центри во Прилеп СОУ „Орде Чопела“, СОУ „Ѓорче Петров“, СОУ „Ристе Ристески Ричко“ и Гимназијата Мирче Ацев ќе се...

Прилепскиот театар подготвува нова претстава „Девојките на Марко“ во режија на Синиша Ефтимов

Во театарот „Војдан Чернодрински“ во полн ек се пробите за новата претстава „Девојките на Марко“  според Боинг Боинг од  Марк Камолети, во режија на Синиша Ефтимов, во која ќе игра поголемиот дел од ансамблот на театарот. Премиерата ќе биде на крајот на мај. Ова ќе биде втора премиера на претстава...

(ВИДЕО) Убава традиција – прилепските матуранти запеаа и заиграа во центарот на Прилеп

Убаво е кога се задржува традицијата, матурантската, барем за генерациите прилепски матуранти кои знаат како да го одбележат крајот на еден дел од нивниот живот и почетокот на за нив една нова страница во животот, и тоа во центарот на градот. И годинава успеавме да ја регистрираме таа атмосфера, исполнета...