Прилеп се подготвува за својот патрон празник – 20 години од одбележувањето на Св.Никола

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Прилеп се подготвува за својот патрон празник. Градот слави 20 години од одбележувањето на Св. Никола, како заштитник на градот, каде масовно се прославува на плоштадот „Александрија“.

„Тоа е наша вековна традиција – едни слават, а други одат на слава, и на тој начин прилепчани го чествуваа, Св. Никола, празникот на дарување, почитување и грижа за другите, почит што не’ поврзува низ генерациите. Оваа година одбележуваме и 20 години од носењето на заедничката одлука по иницијатива на граѓани и прогласувањето на Св. Никола за Градска слава и заштитник на нашиот град, значаен јубилеј кој ни дава уште поголема причина да се собереме и да празнуваме заедно. Затоа ги повикувам сите граѓани на Р. Македонија и граѓаните на Прилеп, во заедништво да го прославиме нашиот патрон.“ рече градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски

Оваа година на градската слава домаќини се компаниите „Матадор“ и „Бимфуд“, кои веќе ги подготвуваат почетоците на виткање на светиниколски сармички, што ќе ги изработуваат жените од прилепските женски здруженија.

„Сармичките ќе се виткаа во кујната на компанијата „Бимфуд“, и посебно ни е драго што се врати традициoналниот начин на заедничкото потготување на светиниколските сарми, кои се уникатни и по кој Прилеп е препознатлив, а тоа знаат само да го направата само прилепските жени. На посната светиниколска трпеза се поканети сите. Ќе биде поставена на плоштадот „Александрија“, ќе има затворен простор со шатори, за да може секој еден годитн,граѓанин, пријател, да седне и да биде дел од заедничката светиниколска трпеза“, истакна Игор Стеванов, домаќинот на градската слава од компанијата „Матадор“, а на заедништво и на поканата до сите добронамерници за прославување на празникот Св. Никола повикаа и домаќините,  Мирко и Иван Биќанин од компанијата „Бимфуд“.

Одбележувањето на патрониот празник на Прилеп, ќе започне во 08:00 часот со Свечена литургија во храмот „Св. Благовештение“ со која ќе чиноначалствува Г Г Петар. Централното чествување е во 12:00 часот, пред параклисот „Св. Никола“ во центарот на градот, каде ќе се изврши водоосветување и прережување на славскиот колач. Потоа, на плоштадот „Александрија“, ќе биде организирана традиционалната светиниколска посна трпеза, а празничниот амбиент ќе го збогати настапот на музичката група „Тајфата“ на Камената бина.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Обезбедена системска одржливост на услугата „Помош и нега во домот“

Со потпишувањето на управниот договор за финансиска одржливост на услугата „Помош и нега во домот“ обезбедено е долгорочно – системско решение. Имено, деновиве, Министерството за социјална политика, демографија и млади и Здружение Центар за развој и едукација Прилеп и партнерските општини потпишаа управен договор со кој се обезбедува финансиска одржливост...

Поетско-музичка манифестација „Љубов и вино“ во Цепенков

На 13 февруари 2026 /петок/ од 18.00 ч. во фоајето од ЦК „Марко Цепенков“ ќе се одржи поетско – музичката манифестација „Љубов и вино“, а ја реализираат ЦК „Марко Цепенков“ и Клубот на литературни творци Прилеп. – Манифестацијата стана традиција. Поетско музичката вечер е посветена на љубовта и виното, а...

„Љубење со стихови“ во име на љубовта и убавината -седмо издание во Прилеп

В сабота на 14 февруари од 20.00 часот,  во кафе-галеријата „Лувр“ во Прилеп, по седми пат ќе се одржи поетскиот перформанс „Љубење  со стихови“ во организација на Здружението ЗОКУМ. Поетите Филип Димкоски и Лина Димоска, пред публиката ќе претстават дел од нивната поезија со љубовни мотиви, а ќе овојпат во...