Под слоганот „Прилепска празнична приказна“ Прилеп се подготвува за новогодишната прослава. Градот е замислен како огромен новогодишен украсен новогодишен забавен парк, каде за секого ќе има по нешто.
Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, го најави најпрво Новогодишен базар, богата програма исполнета со музички настапи, креативни активности, празнични декорации и разновидни содржини за сите генерации.
Тој истакна дека Прилеп оваа година ќе живее во вистински празничен дух, а посебна благодарност упати до компанијата „Витаминка“, покровител на базарот, која ја одбележува 70-годишнината од своето постоење. Компанијата, како што изјави тој, ќе внесе дополнително волшебство и празнична атмосфера во целиот настан.
Градоначалникот упати отворена покана до граѓаните да се приклучат и заедно да го започнат најубавиот период од годината, создавајќи ја „Прилепската празнична приказна“ која ќе донесе радост и заедништво во градот.









