Прилеп ќе биде домаќин на „Добри гости“

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Издавачката куќа „ПНВ Публикации“ од Скопје, во соработка со „МА
Продукција“ од Прилеп и „Култура Бета“ од Скопје, в сабота, на 25 јануари, во Прилеп
ќе го реализира седмото издание на проектот „Добри гости“, преку кој иницира
серија книжевни гостувања на автори од Скопје во внатрешноста на земјата на
заеднички читања со локални автори, а во соработка со локални чинители.

Настанот ќе се одржи на 25 јануари, во кафе-галерија „Лувр“ во Прилеп, со
почеток од 12:30 часот, и поддржан е од Општина Прилеп.

На седмото издание на „Добри гости“ во Прилеп ќе учествуват: Нина Насеска,
Славчо Ковилоски, Андреј Ал-Асади, Никола Дукоски, Игор Трпчески, Звонко
Димоски, Оливера Андоноска, Марија Ангеловска, Андреј Медиќ Лазаревски, Филип
Димкоски, Петар Петрески, Викторија Ангеловска, Габриела Стојаноска-Станоеска,
Сузана Ѓеорѓиевска, Лина Димоска, Елена Јандреовски, Андријана Дукоска, Ели
Луческа и Јулијана Величковска.

Настанот ќе започне со промоција на стихозбирката „Рајсфершлус“ од Јулијана
Величковска. Промотор ќе биде Андреј Медиќ Лазаревски, а потем ќе следува и
книжевното читање на кое ќе настапат сите учесници.

Серијата „Добри гости“ се состои од читање поезија и проза, емитување
поетски и други краткометражни филмови поврзани со литературата, разговори со
автори, со издавачи, разни трибини, книжевни промоции, работилници и слично.
Проектот досега се одржа во Штип, во Тетово, во Струмица, во Демир Хисар, во
Куманово и во Охрид, а планирани се гостувања во уште градови низ земјата.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

„Не биди трупец, засади дрво“ – акција за пошумување во билизна на с. Лениште

По повод Светскиот ден на лицата со дијабетес – 14 ноември и негово одбележување, во општина Прилеп ќе се реализира третата по ред акција за пошумување под мотото „НЕ БИДИ ТРУПЕЦ, ЗАСАДИ ДРВО“, во организација на „Сина Револуција“. Акцијата ќе се реализира на 16 ноември 2025/ недела/ од 10.00 часот...

Приказна за човекот и мечката – „Кој кому му е закна ?!„

Ноември – месецот кога шумата тивко се подготвува за зима. Но, зад мирната слика, понекогаш се крие опасност. Денoвиве јавно се говри за нешто што сè почесто го слушаме во вестите: напад на мечка врз човек. Се започнало како обично утро – човек излегува да бере печурки во шумата. Но,...

Изложба за 55 годишното ликовно творештво на Боро Арсовски – Бабата

На 14 ноември 2025г/петок/од 19.00 ч. во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена ретроспективна изложба на слики “ 55 години ликовно творештво на Боро Арсовски – Бабата“. Инаку, Боро Арсовски – Бабата е роден 1952 година во с. Страцин, Република Македонија. Основно и средно образование завршил во...