Прилеп го запишаа четвртиот пораз – на домашен терен беше поразен од Вардар

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Прилеп на домашен терен вечерва во рамките на седмото коло во Супер-лигата го пречека Вардар, кој само се „прошета“  низ теренот на СОУ Ристе Ристески Ричко и  ја оправда улогата на фаворит  (краен резултат 27-37 – полувреме  12-19). Од другата страна прилепчани на овој натпревар го запишаа четвртиот пораз и не можеа ништо да сторат повеќе освен да го одиграат натпреварот кој на старт беше изгубен по налетот на вардарци.

Победникот на оваа средба беше решен по првото полувреме, а потоа вардарци во продолжение без проблем го одржуваа водството за лесни бодови. Поведоа со двоцифрени 21-31 и ставија печат на победата.

Стефан Петриќ постигна седум гола, по шест имаа Маргели, Крсманчиќ и Родригез , а во Прилеп Никола Јеремиќ беше стрелец на седум погодоци, додека Давид Трајкоски и Александар Тренчевски постигнаа  по три голови.

Според табелата Прилеп се ноѓа на 8 место, со 5 бода, со четири порази, две победи и еден нерешен меч во Супер-лигата.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Жена се фрлила од балконот од четврти кат од зграда во нас.Точила

Утрово, околу 10,3о часот, според очевидци, жена на возраст на 60/70 години се фрлила од балконот од нејзиниот стан, на четврти спрат, во зграда во нас.Точила Екипата на итната медицинска помош Прилеп, констатирале смрт на самото место, а од Основнот Јавното обинителство во Прилеп, при разговор со обинителот  Ствече Биноски,...

Во Кривогаштани планирани прекини на ел.енергија

Петок, ќе има прекин на ел, енергија, во Кривогаштани,информираат од ЦУК-Прилеп Информација за планиран прекин на електрична енергија на ден 26.12.2025 година е дека од 09:00 до 15:30 ќе  преини на дел од улиците: Ул. “Едвард Кардељ“ (ЕЛС  Кривогаштани), Ул. „Маршал Тито“ (ЕЛС Кривогаштани), Ул. „Браќа Мацаноски“( ЕЛС Кривогаштани), а...

Зимата пристигна, денеска е краткоденица, сонцестој – најкраткиот ден од годината

Денеска е сонцестој, краткоденица, најкраткиот ден во годината. Денот во Македонија ќе трае 8 часа и 55 минути. Сонцето ќе зајде во 16 часот, по што ќе почне најдолгата ноќ. Вечерва, 21 декември 2025 година, во 22 часот и 3 минути по средноевропско време ќе настапи зимскиот солстициј, моментот кога Сонцето...