Прилеп доби нови контејнери за селекција на отпад

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

ЈКП ,,Комуналец“ Прилеп од Министерството за животна средина и просторно планирање,  Програма за управување со посебните текови на отпад, доби донација од 59 контејнери во унифицирана плава боја за селекција на хартија и картон и во жолта боја за селекција на пластична амбалажа и оппадна рециклирачка пластика. Овие контејнери ќе бидат заменети со досегашните жичени контеjнери.

„Се замолуваат граѓаните правилно да ги користат контејнерите и во нив единствено да одлагаат отпад по вид од категоријата на картон и хартија и пластична амбалажа која го содржи знакот за рециклирачки отпаден материјал, како и отпад од пластика кој не содржи никакви други примеси. Општина Прилеп е една од ретките општини во државава која има доволно комунална инфраструктура за одлагање на отпад. Поради чистината на отпадот кој е за рециклирање, комуналниот мешан отпад да се одлага во контејнерите за таа намена. Нив ги има доволно, за сеуште некои несовесни граѓани да одлагаат, случајно или намерно, разни видови на отпад во контејнерите за селективен отпаден материјал, “посочуваат од ЈКП Комуналец.

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(Видео) Активен пожар над “Три Багреми“ дабничко – прилепско

Прилепските пожарникари повторно, и ова лето, во битката со пожарите на отворено. Густ чад и јака миризба попладнево го “покри“ Прилеп. Гори сува трева, дабничко, над месноста викана “Три Багреми“. Пожарот е започнат во близина на споменикот кај Дабница, и порди силината на ветрот, се шири со огромна брзина кон...

„Гентерм“ го проширува производството – вложува нови 30 милиони евра и ќе вработи 300 лица

Американската компанија станционира во  ТИРЗ „ПРИЛЕП“ Гентер, најаува проширување на своето прозиводство.  „Гентерм“ плаира  вложување на нови 30 милиони евра и вработување на 300 лица. Aмериканската компанија „Гентерм“ која веќе активно работи во ТИРЗ „Прилеп“, со новата инвестиција од 30 милиони евра планира сериозно да го зголеми извозот од својата...

Домот е таму каде што боли – генерациска средба 40 година матура  

„Иднината никако да дојде, минатото никако да си отиде, а ние овде глумиме сегашност.“ (Тетовирани души) Се собравме 70- тина и неколку! Некои беа отсутни поради дамнешна миграција, некои од здравствени причини, (“нормално“ за нашата возраст“ ) некој заминал на одмор со семејството, (бидејќи е време на летни одмори), а...