На втора седница со ред, прилепските советници дискутираа по предлогот за утврдување на надоместок на штета предизвикана од каснување од бездомни кучиња и по предложеното упатство за начинот и правилата на утврдување и исплата на надоместок на штета предизвикана од каснување од бездомни кучиња. Дискусијата се одвиваше во насока дали е законски советници да носат упатство и правилник.
Но, на овие дискусија се обрати и градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски и го искажа својот став по ова прашање.
“Не може исто да го третираме оној кој е каснат од домашно куче и преставено дека е бездомно и оној кој навистина е каснат од куче скитник. За некој ова стана сериозен бизнис, а за некој стана животна траума”, рече Продоаноски.
Тој посочи дека ова упатство и правилник претставуваат само обид да се направи одредено поместување на овој долгогодишниот проблем, но од некаде мора да се почне за да даде ова резулт, рече тој.
“Од некаде треба да се почне! Општина Прилеп може само по пример од другите општини да ги намали финансиски трошоци кои се создаваат како надоместок на штета предицикана од каснување од кучиња скитници во градот. Но, за жал не може системски да се реши проблемот. Еве, ова нека е иницијатива од нашата општина за промена на законот, оти ова е наследен проблем и само се продлабочува. Ние како Општина Прилеп, не сме доволно моќни системски да го решиме проблемот – во исти период да ги заловиме сите и да ги стерилизираме и сето тоа да го направиме за 4000 денари за третман од куче, бидејќи имаме сознија дека во градот има, околу 1000 кучиња скитници.” рече тој од говорницата.
Со апел и до сите оние кои секојдневно секојдневно носат кучиња со камиони и ги оставаат во градот, да не го прават тоа гој посочи дека е потребно сопствениците да се грижат за своите миленици, а не да ги напуштаат кога повеќе не сакаат да се грижат за нив.
„Се поставува и прашањето: дали утре, кога ќе го донесеме правилникот, повторно нема да се случи некој да донесе и да остави триесетина кучиња во градот? Дури и доколку се заловат сите кучиња и се сместат во стационарот, законот предвидува по 15 дена тие повторно да се вратат на местото каде што биле заловени. Прашувам : Што би постигнале во тие 15 дена додека се во стационарот од ЈКП Комуналец и дали на тој начин ќе го решиме проблемот?Пто би направиле со чекање на систематско решение, како што бара опозицијата?“ праша тој.
Некои сметаат дека решението за овој проблем е во похуман пристап, стерилизација и вдомување на кучињата, додека други инсистираат на построги мерки, пред сè поради безбедноста на граѓаните. А, градоначалникот отвори јавна дебата со граѓаните на својот фејсбук.
Дали средствата од Буџетот да ги вложиме во изградба на поголем стационар или уште на еден стационар за кучиња скитници и нивна стерилизација или пак, тие средства да се насочат кон подобрување на инфраструктурата во градот?!
А, граѓаните во своите коментари активно се вклучија во дебатата – дел од коментарите









