Во завршна фаза изградбата на фабриката за селекција на отпад

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Во Прилеп е во завршна фаза изградбата на фабриката за селекција на отпад, која ќе има капацитет за преработка до 10 тони отпад на час. Проект кој претставува еден од најзначајните инфраструктурни за модернизирање на системот за управување со отпадот во општината. Станува збор за прва фабрика од ваков тип во Македонија, со современа технолошка линија за селекција.

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, информира дека технолошката линија од реномираниот производител Technix е во завршна фаза на монтирање.  Тој заедно со директорот на ЈКП „Комуналец“, претставници од општинската администрација и главниот инженер од фирмата изведувач, денеска разговараа за текот на работите и следните фази од реализацијата на проектот.

Фабриката располага со 1300 кубни метри затворен простор каде што е поставена линијата за селекција на отпад, како и 5980 квадратни метри надворешен простор наменет за прием на отпад, манипулација со транспортни возила и складирање на селектираните материјали.

Со ставањето во функција на овој капацитет ќе се овозможи поефикасно раздвојување на отпадот, како пластика, хартија, најлон, метал и други рециклирачки материјали, што ќе значи помалку отпад на депониите и повеќе можности за рециклирање.

Според Проданоски, проектот има значење не само за Прилеп, туку и за целиот регион, бидејќи ваквите капацитети се клучни за воспоставување на модерен регионален систем за управување со отпад, каде што отпадот од повеќе општини ќе се третира на организиран и еколошки прифатлив начин.

Тој истакна дека целта на општината е создавање почиста животна средина, поодржливо користење на ресурсите и воведување современи решенија кои ќе обезбедат подобри услови за живот за граѓаните.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Отворен ден на прилепските средни училишта

Мај е месецот на уписи во образовниот систем, претставување на можностите на средните училишта, на профилите кои што се нудат за идните средношколци. Утре, четврток 14 ти мај, во четирите средношколски центри во Прилеп СОУ „Орде Чопела“, СОУ „Ѓорче Петров“, СОУ „Ристе Ристески Ричко“ и Гимназијата Мирче Ацев ќе се...

Прилепскиот театар подготвува нова претстава „Девојките на Марко“ во режија на Синиша Ефтимов

Во театарот „Војдан Чернодрински“ во полн ек се пробите за новата претстава „Девојките на Марко“  според Боинг Боинг од  Марк Камолети, во режија на Синиша Ефтимов, во која ќе игра поголемиот дел од ансамблот на театарот. Премиерата ќе биде на крајот на мај. Ова ќе биде втора премиера на претстава...

(ВИДЕО) Убава традиција – прилепските матуранти запеаа и заиграа во центарот на Прилеп

Убаво е кога се задржува традицијата, матурантската, барем за генерациите прилепски матуранти кои знаат како да го одбележат крајот на еден дел од нивниот живот и почетокот на за нив една нова страница во животот, и тоа во центарот на градот. И годинава успеавме да ја регистрираме таа атмосфера, исполнета...