Претставата “Маѓепсан круг“ гостуваше во Крушево

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Во преполнетата сала во Крушево, претставата „Маѓепсан круг„  во изведба на „Слободно театарче„ од дрмската секција при СОУ “Ѓорче Петров„ – Прилеп,  со воодушевуање ја погледнаа и  крушевчани, кои дадоа максимална поддршка, против злото наречено „трговијата со деца за принудени бракови.“

Претставата сочинета од четири различни приказни кои говорат за деца тргувани за принудни бракови и ја идентификува сиромаштијата како основна причина на ова грозоморно злосторство куршевската публика ја прими со овации и со аплаузи, наградувајќи ја секоја сцена од четирите приказни.

„Маѓепсаниот круг“ како театарска претстава и радио драма е дел од иницијативата “Промени го мислењето остани надвор од маѓепсаниот круг“ која ја спроведува медумот Радио Пела, во рамките на акцијата „Зајакнување на акцијата против трговија со луѓе во Северна Македонија“ на Европската Унија и Советот на Европа, која има за цел  преку пристапен начин, поблизок до заедницата, да придонесе кон подигање на свеста кај локалната заедница за опасностите од трговија со деца за присилни бракови,  но и да се приклучи кон напорите на Владата за борба против трговијата со луѓе и заштита на основните права на жртвите на трговија со деца.

 

Претставата продолжува да “патува“ и во другите општини: Кривогаштани,  Долнени, Битола. А радио драмата, беше емитувана на едно национално радио, на една непрофитна радио станица и на пет локални радио станици во Македонија и “допре“ до аудио публиката.

Акцијата „Зајакнување на акцијата против трговија со луѓе во Северна Македонија“ е дел од Европската Иницијатива за соработка на Унијата/Советот на Европа „Хоризонтален објект III за Западен Балкан и Турција“.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Ноќна драма во Прилеп – Неофициално едно лице е убиено, друго загинало во сообраќајна незгода кај Липа

Доцна Велерва ззаложничка драма во центарот на Прилеп кај Кружниот кај Карпалак,каде има и многу полициски екипи. Хеликоптери вечерва го надлетуваат Прилеп. Еден штотуку се упати кон Скопје. Неофицијално, маж застрелал лицето кое го држело во зачложништво неговото дете, а кај х.Липа, неофицијално дознаваме дека се случила сообраќајна незгода ,...

(ФОТО) Имал среќа!!! Земјоделец куртили при пад на далновод…

МЕПСО секоја година упатува апел – земјоделците да бидат внимателни при работата со механизацијата и со наводнувањето во нивите каде што има далноводи. Но, после овој случај земјоделците треба да упатат предупредување до МЕПСО за тоа – какви фирми изведувачи вршат замена на далноводната мрежа. Во полициската хроника деновиве го...

За Бехтел и Енка предизвик е крајниот рок за изведба на автопатот Прилеп-Битола

Повеќе археолошки наоѓалишта, голем број на неексплодирани мини (најмногу од Првата светска војна) на теренот каде што се гради делницата од коридорот 10 д , се само дел од предизвиците да се заврши во предвидениот рок – крајот на 2027 година изградбата на автопатот. Целата изведба на автопатското решение се...