Пожари во Прилеп и во долненско-изгореа 850 тони сточна храна и земјоделска механизација

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Во еден ден, вчера во Прилеп и во долненско Локвени регистрирани два пожари во кои е предизвикана значителна материјална штета, повредени лица нема, информираат од СВР Битола:

На 22.02.2026 во Полициското одделение Ропотово било пријавено дека во с.Локвени, општина Долнени, настанал пожар на настрешница, сопственост на А.Т.(39) од с.Локвени.  Од пожарот се зафатени и изгорени 500 тони сено, околу 350 тони слама и земјоделска механизација. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица  Кривогаштани, а повредени лица нема. Увидот бил извршен од увидната екипа на ОВР Прилеп.

На 22.02.2026 во 20:21 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Дабнички Завој“ настанал пожар во куќа сопственост на М.Н.. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Полициски билтен: пријавени физички напади, приведен возач, автомобилот одземен

Во ОВР Прилеп за два дена биле пријавени неколку физички напади, а денеска сообраќајната полиција привела возач кој управувал без дозвола и го одзела возилото: На 23.02.2026 во 03:30 часот во ОВР Прилеп, Б.Р.(19) пријави дека околу 01:00 часот на излез од угостителски објект бил физички нападнат од Д.С. од...

Планирани прекини на електрична енергија во повеќе населени места

Регионалниот центар за управување со кризи информира за најавени – планирани прекини во снабдувањето со електрична енергија за повеќе населени места за деновите 25 ти , 26 ти и 27 ми февруари 2026 та: – ПЛАНИРАНИ ПРЕКИНИ на ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА на 25.02 2026 год. (среда) од 09.00 ч. до 15.00...

Прочка симболот на простување и ритуал на АМКАЊЕ јајце во Прилеп

Прочка е симбол на преминот од зима во пролет, и таа е поврзана со простувањето. Помладите од постарите бараат простување ако згрешиле нешто во текот на годината, хиерархиски подредените бараат прошка од тие што се хиерархиски повисоко на социјалното скалило. Така, вечерва помладие ќе побараат прошка од постарите со зборовите...