Пожар во автосервис – гореа автомобили

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

На 21.12.2024 во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Александар Македонски” во Прилеп, во авто сервис каде биле паркирани повеќе возила, настанал пожар во патничко моторно возило „фолксваген поло” со прилепски регистарски ознаки сопственост на Т.Ј.(76) од с.Загирани, прилепско. Од пожарот биле зафатени и други патничко возила: „ауди”со прилепски регистарски ознаки, сопственост на О.Б.(38) од Прилеп, патничко возило „бмв” со прилепски регистарски ознаки, сопственост на О.Д.(32)од Прилеп, патничко возило „рено” со прилепски регистарски ознаки, сопственост на Т.Ц.(24)од Прилеп .Пожарот бил изгаснат од страна на Територијалната против пожарна единица Прилеп, а увидот го извршила увидната екипа на ОВР Прилеп. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Мajко стигнав…Уште малку сила ми остана, ама срцето е полно! -Прилепчанецот Пандовски истрча до Острог за болните од рак!

  Антонио Пандовски е млад повек по потекло од Прилеп, кој 18 дена трчаше за да стигне до манастирот Острог, во Црна Гора. Тој во јануари годинава во интервју за Радио Пела  детално ги образложи причините за овој подвиг барајќи поддршка за донации кои ќе бидат наменети за децата болни...

На Пиво Фест вечерва најава за уште побогата забава

Одличен старт на Пиво Фестилот 2025 синоќа во Прилеп, до раните утрински часови забава, скара и пиво во центарот на градот. Синоќа беше тоа музика посветена на македонските ѕвезди: Наташа Малинкова, Антонија Гиговска и на Камерниот оркестар од Битола со Наде Талевска, Андријана Јаневска и Ристо Самарџиев. Денеска, сабота настапуваат...

Локализиран пожарот кај селото Царевиќ кој што зафати семејна куќа и пчеларник

На 18.07.2025 година во ОВР Прилеп било пријавено дека во селото Царевиќ, прилепско, околу 10.00 часот настанал пожар во близина на резервоарот за вода над селото при што од ветерот огнот се проширил и во селото и зафатил дрвени сандаци со пчелни семејства, а исто така целосно е изгорена и...