Повторно опожарување на возило во Прилеп – за среќа ни овој пат нема повредени

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Вчера во доцните ноќни часови е опожарено возило.

Имено на 25.01.2025 во 23.00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Пенка Котеска“ било опожарено патничко моторно возило „фолксваген шаран” со прилепски регистарски ознаки, сопственост на Ј.Г.(49) од Прилеп.

Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

Инаку, само минатиот месец во Прилеп беа опожарени неколку возила.  На 21 декември пожар настана во авто сервис во Прилеп, на улица Александар Маекдононски, каде беа опожарени 4 возила . Истиот месец  гореа уште две возила,   на ул.„Октомвриска” во Прилеп (12.12.2024) каде беше опожарено патничко моторно возило „ауди” со прилепски регистарски ознаки, сопственост на Ј.Н.(51) од Прилеп., а претходно на 06.12.2024 околу  03.00 часот на ул.„Октомвриска“ во Прилеп беше опожарено патничко возило „мазда“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на Б.T.(32) од Прилеп.

Полицискиот командира при ОВР Прилеп на 54 седница на Советот на Општина Прилеп на барање на советниците преку бројки ја изнесе состојбата со безбедносната состојба во Прилеп, посочувајќи дека безбедносната состојба во Прилеп е на задовлително ниво. Во врска со делата кои што предизвикуваат општа опасност,  како што се опжарување на возила и носење на огнено оружје и друг експлозивен материјал,  тој направи споредба со 2023 каде имало 16 евидентирни вакви случаи додека во 2024 имало 13-сет,  „за кои се обезбедуваат докази“ , рече тој. Но, нагласи дека ниту еден од овие случаи ,  (во 2024 година) , не  биле поврзан и  немаат индиции за верска, национална или друг вид мотивација ,„па, не може да бидат третирани како случаеви кои ја загрозат целокупната безбедносната состојба во Прилеп„ –  истакна Горан Колонџоски , командирот на ОВР Прилеп,  излагајќи ја информацијата за безбедносната состојба во Прилеп, пред советниците на Советот на Општина Прилеп .

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

„Не биди трупец, засади дрво“ – акција за пошумување во билизна на с. Лениште

По повод Светскиот ден на лицата со дијабетес – 14 ноември и негово одбележување, во општина Прилеп ќе се реализира третата по ред акција за пошумување под мотото „НЕ БИДИ ТРУПЕЦ, ЗАСАДИ ДРВО“, во организација на „Сина Револуција“. Акцијата ќе се реализира на 16 ноември 2025/ недела/ од 10.00 часот...

Приказна за човекот и мечката – „Кој кому му е закна ?!„

Ноември – месецот кога шумата тивко се подготвува за зима. Но, зад мирната слика, понекогаш се крие опасност. Денoвиве јавно се говри за нешто што сè почесто го слушаме во вестите: напад на мечка врз човек. Се започнало како обично утро – човек излегува да бере печурки во шумата. Но,...

Изложба за 55 годишното ликовно творештво на Боро Арсовски – Бабата

На 14 ноември 2025г/петок/од 19.00 ч. во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена ретроспективна изложба на слики “ 55 години ликовно творештво на Боро Арсовски – Бабата“. Инаку, Боро Арсовски – Бабата е роден 1952 година во с. Страцин, Република Македонија. Основно и средно образование завршил во...