Повторен огласот за јавно наддавање за организирање на Кочнскиот панаѓур

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

О Г Л А С

за организирање на традиционалниот Кочански панаѓур по пат на јавно  наддавање

Традиционалниот Кочански панаѓур ќе се одржи во Кочани на КП бр.15493/1 и КП бр.15493/2, на дел од ул.„Скопска“ што граничи со КП бр.15493/2 и дел од ул.„4-та Македонска бригада“со вкупна површина од 3000 м2.согласно приложената скица.
Панаѓурот ќе се одржи во периодот од 06.11.2025 год. до 09.11.2025 год. (четврток, петок, сабота и недела )
Почетната цена за јавното наддавање изнесува 1.700.000,00 ден. + ДДВ, со праг на наддавање минимум 10.000,00 ден.
Јавното наддавање ќе се спроведе на ден 20.10.2025 год.(понеделник) во 12.30 часот во просториите на КЈП Водовод Кочани, ул.Д-р Николиќ бр.64, Кочани.
Право на учество на јавното наддавање имаат сите правни субјекти регистрирани во Централен регистар за вршење дејности од забавен и рекреативен карактер, кои немаат обврски спрема КЈП Водовод Кочани и кои ќе уплатат 10% од почетната цена за лицитација до почетокот на самата лицитација.

Како доказ да се достави Тековна состојба не постара од 6(шест) месеци и доказ за активна трансакциска сметка.

Уплатата ќе се врши на ж-ска    210 0404839301 62    НЛБ Банка .

На јавното наддавање доколку се јави и еден учесник, ќе биде реализирано.

Доколку не успее и второто јавно наддавање, организацијата на Кочанскиот панаѓур ќе ја превземе КЈП Водовод Кочани.

На излицитираната цена најповолниот понудувач има обврска да плати и 18% ДДВ.
Излицитираната цена најповолниот понудувач има обврска да ја уплати истиот ден по завршување на лицитацијата, на сметка на КЈП Водовод Кочани, и да уплати 100.000,00 ден.како аванс кој износ ќе биде вкалкулиран во износот за подмирување на сметката за мрежарина тоес дистрибуција на електрична енергија кон КЈП,,Водовод,,Кочани-локација Градски панаѓур Кочани.
Со најповолниот понудувач КЈП Водовод ќе склучи Договор, во кој подетално ќе бидат дефинирани правата и обврските на двете договорни страни.
КЈП Водовод Кочани ќе има обврска да ја исчисти и подготви локацијата за непречено организирање на панаѓурот, да обезбеди вода, да обезбеди санитарни чвора и истите да ги одржува и редовно да врши чистење од отпадоци за време на одржување на панаѓурот.
Обврска на закупецот е да обезбеди осветлување на патеките и просторот каде ќе бидат поставени тезгите како и приклучокот за електрична енергија за корисниците кои ќе имаат потреба од истата (грилови, крофни, шеќерен памук и друго).

Приклучокот на електрична енергија за забавниот парк не е обврска на КЈП Водовод Кочани, туку на закупецот, односно на правното лице со кое ќе се склучи Договорот.

Заинтересираните кандидати за подетални информации можат да се обратат на тел. бр.033/279-112.
Огласот ќе трае до денот и часот на закажаното јавно наддавање (20.10.2025 год (понеделник до 12 часот и 30 минути).

 

 

                                                                                    КЈП,,Водовод ,,Кочани

 

 

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Да не помагаа од обезбедувањето, ќе имаше и повеќе жртви, сведочи девојка што го сними почетокот на пожарот во „Пулс“

На денешното рочиште за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани сведочеше 21-годишната Мартина Ристовска, која била во објектот кога избувнал пожарот. Таа случајно го снимила почетокот на пожарот на видео за Инстаграм, но, како што рече, тоа го забележала дури следниот ден кога го прегледала видеото. Според нејзиниот исказ, на бината имало три прскалки, а