Потрагата по прилепчанецот Виктор Илиоски заврши – пронајден е починат

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Потрагата по 40-годишниот прилепчанец Виктор Илиоски, кој исчезна во сабоата, заврши трагично – тој е пронајден починат.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 16 февруари 2026 година во 16:00 часот во СВР Битола било пријавено дека во кругот на Градската општа болница – Прилеп е пронајдено лице без знаци на живот. Констатирано е дека станува збор за В.И. (40) од Прилеп.

Од Итната медицинска помош била констатирана смрт на местото на настанот, а за случајот веднаш бил известен јавен обвинител. По негова наредба, телото е предадено на обдукција со цел да се утврдат причините за смртта. Од МВР посочуваат дека се преземаат сите потребни мерки и активности за целосно расчистување на околностите.

Семјството претходно алармираше дека Илиоски последен пат бил виден во саботата, на 14 февруари околу 14 часот, облечен во темно сина јакна, црни тренерки и сиви патики, по што му се губи трага. Полицијата и надлежните институции беа известени за неговото исчезнување, а јавноста беше повикана да пријави било какви сознанија за неговата можна локација. Според информациите од семејството и објавите на социјалните мрежи, мајката Роза очајно апелираше до граѓаните за помош во пронаоѓање на нејзиниот син, а објавата привлече бројни реакции и пораки на солидарност. На социјаните мрежи таа денеска  потврди дека нејзиниот син починал.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(Фото) И, мало и големо возеше велосипед на манифестацијата „Сите на велосипед“ во Прилеп

Повеќеод од 300 љубители на велосипедот, од мали до возрасни, од рекреативци до професионалци, денеска се вклучија во манифестацијата „Сите на велосипед“, која по повод 24 мај, Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј, по 20-ти пат се одржа во Прилеп. Велосипедска тура, се одвиваше на релација Прилеп ( од...

Најубавата серенада за Прилеп на Александар, Дац и Блага Петреска

Мајсторите за живи свирки, дуото актер и композитор, Дац и Александар заедно со македонската дива на народната музика, Блага Петреска, направија нов музички проект кој носи силна емотивна локална приказна посветена на Прилеп и неговиот дух, насловена „Прилепска Серенада„, Станува збор за прекрасна серенада за Прилеп која говори за град...

Фудбалска сезона за заборав – „Збогум Победa , добредојде сивило”

И да си најголем фанатик ќе сакаш што побрзо да заборавиш една ваква фудбалска неправда за најфудбалскиот град.И да си неук за фудбал или пак за тоа колку значи бубамарата  за едно човечко битие , ќе сакаш да помислиш дека ова што измина за прилепскиот фудбал е само некоја невкусна...