И да си најголем фанатик ќе сакаш што побрзо да заборавиш една ваква фудбалска неправда за најфудбалскиот град.И да си неук за фудбал или пак за тоа колку значи бубамарата за едно човечко битие , ќе сакаш да помислиш дека ова што измина за прилепскиот фудбал е само некоја невкусна шега.Но не е баш така !
Појдоа повода сите црвено бели амбиции пред стартот на сезоната како и желбите , брендот на градот но и на земјава , Победа конечно да се стабилизира во највисок ранг.Но фортуната сакаше се да биде во обратен правец.Нестабилна управа , лошо управување , грешно менаџирање , уште полоша организација и што е најтешко историски резултати кои го допреа „дното” за брендот.Да не се залажуваме со простата реченица, КОЈ Е ВИНОВЕН ЗА СЕТО ТОА.
Секој одговор се знае , секој виновник е на тапет а сепак СЕ помина и замина како да станува збор за некој клуб кој ете туку така се нашол во втората лига.
Не е хумано , во безизлезна ситуација да го ставате младинскиот погон да изгори во желбата да се натпреварува , за да подоцна истите тие таленти го загубат победничкиот менталитет , односно во кој правец ќе се движат , кога веќе знаат дека играле и губеле со по осум или десет разлика.
Секоја чест за тие момчиња кои само покажаа како треба да се сака својот клуб , но треба да се знае дека истите тие треба да бидат и носители на НОВИОТ ФОРМАТ , зошто тие пак и паѓаа по терен , и се нервираа кога се полнеже мрежата дури и одделуваа време како вистински професионалци за да истрчаат на теренот.
Кој знае можеби се ближат деновите новата фудбалска светлина како што се најавува да го преброди сево ова и да донесе свежа фудбалска крв.Во спротивно се ќе остане на муабетот „со Победа одамна е се завршено.
Ако може штипската публика со аплауз да ги испрати , зошто да не можат “мајмуните” да се порадуваат на успеси а не само да постираат стари фотографии од некогаш на фејзбук и да го величат името на Победа.Жалосно е најверфната прилепска публика да не може во недела да си го направи кеифот и со гордост и епитети да зборува за својот реномиран клуб.Клуб со кој се исмеваат таму резултатски клубови кои и никогаш не доживеале десетилјадна публика на тренинг , кои немале бразилска еуфорија во своите редови и што е најважно го немале реномето на Победа.Реално , во балкански рамки а можеби и пошироко , државава на спортски план , односно фудбалски е позната по неколку рет ки брендови , меѓу кои и прилепскиот.Едно е да си ПОБЕДА а друго е да си клуб кој трае две до три сезони и е само нечиј бизнис.
Дека поминуваат годините без Победа во фокус , поминуваат тоа е факт но дека е крајно време да запре сивилото кое штотуку дојде тоа мора да престане.Се променил само односот кон името Победа , натежнале само нечесни облци над фудбалскиот храм во градов , надвиснале нефер чуства кон клубот кој наежува а навивачката еуфорија , страста и магнетот на прилепчани кон црвено белата армија сеуште е ист.ИСТ ГРАД , ИСТ НАРОД , ИСТ ФУДБАЛСКИ МЕНТАЛИТЕТ.
Нема зборови со кои можи да се опшиши незадоволството од многумина за перцепцијата да се стави Победа на маргините , но барем има време да се стави крај на ова невреме, ама навистина, доста е со фудбалско сивило за Прилеп !









