Post Title

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Кочани има потенцијал, капацитет и природни ресурси, како ретко која друга општина во Македонија.

Како што сите знаеме и неретко се зборува во кулоарите, изминативе повеќе од три децении не е искористено и не се користи ниту една третина од богатството што неизмерно ни го дала природата, местоположбата и климата, каква нема на ниту еден меридијан во светот.

Ако започнеме со оризовата култура, која со векови се одгледува на ова поднебје,` со чисти води и воздух, помеѓу две планини, со доволно сонце и геотермални подземни води – идеално за производство на оризот кој храни земји, со милијарди жители.

Се прашуваме,  дали овој стратешки производ го користиме правилно и доволно добро да обезбедиме добробит и профит не само за земјоделските производители, туку и за целиот источен регион?

Одговорот е не!

Зошто?

Сите ги знаеме причините, за кои само повремено и инцидентно се размислува и разговара.

Се нема стратегија, нема краткорочни и долгорочни планови, не постои општ интерес, туку само индивидуални придобивки, добивање ситни поени и лично богатење.

Така било изминативе 30-тина години, така е до ден денешен.

Наместо максимално искористување на ресурсите, само кавги и препукување, едни на други очите ќе си ги извадат, кој бил во право.

Наместо просперитет, кризи и катастрофи.

Освен препукувања, напад и одбрана по социјалните мрежи, никој не сака со прст да мрдне, сите гледаат и очекуваат сеир: До кога вака?

До кога ќе ги гледаме другите како напредуваат, сплотени како еден, за добробит на заедницата?

До кога ќе тонеме во бездната, оставајќи го нашето Кочани, на кое Бог му дал се,  да се дави во сопствените фекалии и омрза.

Дајте конечно да започнеме од негативна нула, да се свртиме кон планините, езерото, геотермалните води, индустриските капацитети, земјоделството и сточарството, културата и спортот!

За краток период да им покажеме на сите зошто Кочани е најубавото место за живеење, не само на Балканот, туку и во цела Европа кон која се стремиме.

Само треба еднаш да се започне, не од утре – од вчера!

Или ќе чекаме подобри времиња, како и до сега.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Тепачка меѓу соученици во виничко средно училиште

15-годишно дете било нападнато од соученици, информираат од СВР Штип. На 16.02.2026 во 13:45 часот во ОВР Виница, В.Н.(50) од с.Виничка Кршла, виничко, пријавил дека во средно училиште во Виница, неговиот 15-годишен син бил физички нападнат од неколку други ученици во училиштето, кои бил спречени од наставник во училиштето. Увид е извршен и се преземаат

Акција на ОВР Кочани и ОВР Виница: Лишени од слобода двајца возачи

На 16.02.2026 во 13:50 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода К.Д.(28) од Кочани. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф“ со кочански регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека го управувал возилото без претходно положен возачки испит. Возилото е

Амфенол вработува…

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.