Посета на Претседателот на Комисијата на Агенцијата за електронски комуникации, Орце Симов во Центар за култура „Бели мугри“

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Во текот на вчерашниот ден, Претседателот на Комисијата на  Агенцијата за електронски комуникација Орце Симов, ја посети Националната установа – Центар за култура „ Бели мугри“ Кочани.

При посетата, со Претседателот Симов беше разговарано за текот на постапката за реализација на донираните финансиски средства од Агенцијата за електронски комуникација, наменети за набавка на современа мобилна кино- опрема, за замена на веќе застарената и дотраена опрема стара речиси шест децении.

Симов беше информиран околу набавката на новата кино – опрема која е во завршна фаза по спроведената тендерска постапка и склучениот договор за набавка на нова, како и за планираните проекции на филмови на почетокот на месец март годинава, откако ќе биде инсталирана опремата и извршена неопходната обука на вработени лица за ракување со истата.

Претседателот на Комисијата на АЕК Орце Симов изрази подготвеност за идни соработки на АЕК со Центарот за култура, со надеж дека со осовременување на опремата и  техниките за промовирање на културните вредности ќе влијае позитивно и ќе придонесе кон заздравување на популацијата од сите возрасни категориина подрачјето на Општина Кочани по трагедијата што се случи минатата година.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Министерството за култура ќе плати за споменикот за жрвите од „Пулс“, ама велат дека чекаат на Општина Кочани да ја спроведе постапката

Министерството за култура тврди дека чека на Општина Кочани да ја спроведе постапката за подигање на спомен-обележје за 63 жртви од „Пулс“, за да обезбеди дел од средствата за изградба. Ова доаѓа откако Кире Димитриев, татко на загинатиот Диме во трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во „Претрес со Ландов“ посочи дека средствата за споменикот

Тажен епилог: По повеќедневна потрага, пронајден починат дедо Јане од Јастребник

По повеќедневната потрага по дедо Јане од селото Јастребник, кој беше пријавен за исчезнат и боледуваше од деменција, денеска пристигна тажната вест дека тој е пронајден починат во планински предел. Во изминатите денови во потрагата беа вклучени припадници на полицијата, членови на Доброволната планинска спасителна служба, ловџии, моторџии и бројни граѓани кои несебично се приклучија

Граѓанска акција за почисто Кочани: „ДОСТА БЕШЕ“ го уреди просторот околу Спомен домот АСНОМ

Советничката група „ДОСТА БЕШЕ“ при Советот на Општина Кочани успешно ја реализираше акцијата за расчистување и уредување на зеленилото околу Спомен домот АСНОМ, на која се приклучија граѓани и претставници на здруженија од градот. Со заеднички труд и ангажман, учесниците работеа на расчистување на просторот и уредување на зелените површини околу Спомен домот, придонесувајќи за