ПОРАДИ ТОПЛОТНИОТ БРАН ВЛАДАТА ПРЕПОРАЧА ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД РАБОТНИ ОБВРСКИ НА ТРУДНИЦИ И ЛИЦА НАД 60 ГОДИНИ

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Министерството за здравство објави дека согласно прогнозите од УХМР, денеска се активира фаза 3 заради превенирање на последиците од топлотниот бран врз здравјето на населението. Оваа фаза ќе трае до 8 јули.

На предлог на Министерството, Владата донесе неколку препораки:

– Ослободување од работни обврски на бремени жени и лица постари од 60 години, што не се однесува на вработените во критичната инфраструктура (здравство, полиција, армија, транспорт, енергетика, јавни комунални претпријатија).

– Одложување на работниот процес во критичните часови (11:00–17.00) за работници изложени на директна топлина.

– Работа од далечина, флексибилно или двократно работно време, каде што е изводливо.

– Работодавачите да обезбедат микроклиматски услови за работа: простории со температура до 25 Целзиусови степени, освен таму каде што природата на работниот процес налага поинаку.

– Сите здравствени установи, установи за згрижување стари лица и образовни институции да постапат согласно интерните протоколи за кризна состојба.

„Мерките имаат за цел да обезбедат континуирана и ефикасна заштита на здравјето на населението преку превентивно дејствување и соодветна институционална подготвеност“, кажаа од Министерството за здравство.

Македонија, како и голем дел од јужна Европа, е погодена од топлотен бран. Во следните денови се најавуваат максимални температури од 32 до 41 Целзиусов степен низ земјата.

 

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ВИДЕО)Втор собир на земјоделци во Прилеп: Аграрот не може да опстане без финансиската поддршка од државата

Во Прилеп се одржа втората средба на земјоделците од сите сектори во Македонија која беше од отворен карактер. На средбата не присуствуваа претставници од Министерството за земјоделство иако, како што велат организаторите била упатена јавна покана до надлежните. Поради тоа од средбата конкретните заклучоци и барања ќе биле во писмена...

Млади, хумани и солидарни – учениците од СОУ “Ѓорче Петров“ ја практицираа хуманоста во заедницата

Учениците од СОУ ,,ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ” Прилеп,бод различните профили денеска беа во хуманитарна мисија. Го посетија Домот за стари лица “Киро Крстески – Платник„ и со своите услуги како стручност кои ги изучуваат во средното стручно училиште, предизвикаа насмевки кај штитениците и направија могу среќни лица. Учениците – медицински сестри...

Моментно 200, а во иднина се планирани 700 корисници да добиваат бесплатни интегрирани социјални и здравствени услуги

Во присуство на преставници од Амбасадата на Австрија во Република Македонија, од  федерално Министерството  за социјални работи, здравство нега и заштита на потрошувачите, Меѓуопштинскиот Центар за социјални работи -Прилеп,  Центарот за развој и едукација – Прилеп денеска ги промовираше придобивките на проектот ТРАНСАКТ,  за давање на интегрирани социјални и здравствени...